19 Декември, 2025
0.0556

БЕСА објаснува: Декларацијата е заедничка на албанскиот фактор, ниту една партија нема посебна заслуга

Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2017 17:00

Добивај вести на Viber

БЕСА откако денес ДУИ посочи дека е утврдена заедничката декларација на сите албански партии, смета дека ниту една партија не треба да зазема особена заслуга бидејќи овие барања се договорени од страна на албанскиот фактор.

- По извршените консултациите со претставници на албанската држава, со заедничка цел да се произведе една заедничка декларација на албанските партии во Македонија, се со цел да покажеме посветеност дека Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза, Централното претседателство на Движењето БЕСА ја усвои ова Декларацијата на албанските партии во Македонија, се вели вонивното  соопштение.

- Оваа декларација, која е составена од страна на албанскиот фактор, и е поддржана од страна на албанските партии во Македонија, за која ниту една посебна албанска партија нема посебна заслуга, туку сите се подеднакво заслужни, ја изразува заедничката волја дека било која партија која денеска и во иднина може да биде дел од власта, да се залага дека со било која владина програма со било кој македонски партнер овие точки да бидат главен приоритет врз основа на кои ќе се подржи одредена владина програма. Истовремено Движењето БЕСА – како дел од коалицијата „Преродба со БЕСА‘‘ забележува дека оваа изјава е во целосна согласност со платформата Редефинирање и со изборната програма на Движењето БЕСА. Движењето Беса - освен оваа декларација - ќе продолжи да ја афирмира и својата платформа“, објаснува Беса.

Денеска и ДУИ соопшти дека највисоките партиски тела го поддржале овој документ. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки