19 Ноември, 2024
0.0282

Бесими: Државата во моментов субвенционира 1,5 проценти од каматите за бизнисот

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „360 Степени“ вели дека во моментов бизнисите добиваат поволни кредити од Европската инвестициска банка, а администрирани од домашните деловни банки,по каматна стапка од 3,5 отсто,а 1,5 отсто од овој дел е субвенциониран од државата.

Ова Бесими го одговори во контекст на тенденцијата Владата преку Развојна банка да пласира 250 милиони евра од унгарскиот кредит со камтна стапка од 3,25 отсто, односно онолку колку што е каматата за позајмицата од Унгарија, додека домашните банки да бидат општествено одговорни и да не бараат ништо за возврат за администрирањето.

Европската инвестициска банка,според поранешниот министер, во последниот договор со Развојна банка,има позајмено 100 милиони за кредитирање на македонскиот бизнис, од кои 87 милиони евра од тие пари веќе се пласирани во стопанството.

Ако 3,5% е каматата на позајмицата и на стопанството му се сервисира истата каматна стапка, разликата за трошоците на банките е 1,5% од каматната стапка. Тоа се покрива преку Развојната банка делумно за да не биде товар на буџетот, а ако Развојната банка нема таква рентабилност, тогаш разликата во каматата се компензира од буџетот,вели Бесими.

Тоа значи дека во моментот фирма може да земе кредит од комерцијална банка од оваа кредитна линија со камата од 3,5%, на 10 години и од каматата од 3,5%, 1,5 отосто го субвенционира Владата.

- Има периоди кога Владата, има периоди кога Развојната банка од својот капитал. Ако таа има повеќе приходи, самата Развојна банка го субвенционира. Тоа е и целта на Развојната банка. Таму има и други инструменти, не е само кредитирањето. Имате развоен фонд што беше основан фонд за енергетска ефикасност и гарантен фонт, гарантната шема е многу ефикасна и многу мал трошок за буџетот и за банката, а де факто им дава можност на фирмите, тоа што банките имаат потреба за дополнителна гаранција, да се гарантира од државата и, на крај, таму мултипликативниот фактор е 6, што значи 6 пати се зголемува кредитната способност или пристапот до кредитите на фирмите преку банкарскиот сектор, додава тој.


Можеби ќе ве интересира

ПО 200 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ БАНКРОТ НА НАЈПОЗНАТАТА МОДНА КУЌА ВО АВСТРИЈА: Немаат друга опција после Божик

ПО 200 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ БАНКРОТ НА НАЈПОЗНАТАТА МОДНА КУЌА ВО АВСТРИЈА: Немаат друга опција после Божик

ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Рекорден извоз на оружје на оваа европска сила

ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Рекорден извоз на оружје на оваа европска сила

ИНВЕСТИТОРИ НАВАЛИЈА НА АКЦИИ НА „ГРАНИТ“, ВЧЕРА ПОМИНА УШТЕ ЕДЕН БЛОК - кој купува?

ИНВЕСТИТОРИ НАВАЛИЈА НА АКЦИИ НА „ГРАНИТ“, ВЧЕРА ПОМИНА УШТЕ ЕДЕН БЛОК - кој купува?

Можно ли е ова? Која државна научна установа плаќа најскапа струја, 19 отсто поскапо од цената на берза?!!!

Можно ли е ова? Која државна научна установа плаќа најскапа струја, 19 отсто поскапо од цената на берза?!!!

НАСКОРО ЌЕ СЕ ГРАДИ БРЗАТА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10: Еве што Најавува Николоски

НАСКОРО ЌЕ СЕ ГРАДИ БРЗАТА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10: Еве што Најавува Николоски

Кој е Вивек Рамасвами - Биотек милијардерот и ѕвезда на Републиканците

Кој е Вивек Рамасвами - Биотек милијардерот и ѕвезда на Републиканците

ТУРБО ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА КИЧЕВО-ОХРИД И ЗИМОВО! Трајановски најавува амбициозен план - едниот правец целосно да биде пуштен во сообраќај пред летото

ТУРБО ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА КИЧЕВО-ОХРИД И ЗИМОВО! Трајановски најавува амбициозен план - едниот правец целосно да биде пуштен во сообраќај пред летото

ЈУГОСЛАВИЈА - ХОТЕЛ КОЈ ЈА ДОЖИВЕА СУДБИНАТА НА ДРЖАВАТА ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИ: Легендарниот објект се руши

ЈУГОСЛАВИЈА - ХОТЕЛ КОЈ ЈА ДОЖИВЕА СУДБИНАТА НА ДРЖАВАТА ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИ: Легендарниот објект се руши

ЕВРОСТАТ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Koја држава издвојува најмногу пари за здравствената заштита на граѓаните?

ЕВРОСТАТ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Koја држава издвојува најмногу пари за здравствената заштита на граѓаните?