19 Ноември, 2024
0.0359

ИНВЕСТИТОРИ НАВАЛИЈА НА АКЦИИ НА „ГРАНИТ“, ВЧЕРА ПОМИНА УШТЕ ЕДЕН БЛОК - кој купува?

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Блок трансакција со вкупна вредност од над 43 илјади евра со акциите на градежниот гигант „Гранит“ помина вчера преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

За однапред познат купувач беа продадени 1.609 акции на „Гранит“, по цена од 1.650 денари за акција. 

На вчерашното редовно тргување, пак, беше постигната цена од 1.692 денари за акциите на оваа домашна компанија, а беше истргувана количина од 40 акции. 

Инаку, со акциите на „Гранит“ ммногу често се објавуваат блок трансакции, а таа акција е и една од најтргуваните на Македонската берза, што значи дека важи за посакувана хартија од вредност за инвеститорската јавност.

Пред само неколку дена, на пример, како што пишуваше Фактор, во блок трансакција се продадоа 2.000 акции, по цена од 1.630 денари за акција, што значи дека купувачот на овие акции платил нешто над 53.000 евра.

Според профитабилноста, Гранит со чиста добивка од 2,3 милиони евра, се најде на одличното 17 место од речиси стотина котирани акционерски друштва, за периодот од првите девет месеци од годинава, а според рангирањето направено од Македонската берза. 

Добивката на Гранит за првите три квартали од годинава е повисока за 29 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Во моментов, најголеми акционери на Гранит се Зоран Милковски, кој поседува 9,8 отсто од акциите на компанијата, Ивана Милковска-Симева, со 9,31 отсто, самата компанија Гранит чува сопствени акции од 9,81 процент од капиталот, и Бард Коп ДОО од Нов Белград располага со 5,06 отсто од капиталот на компанијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО 200 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ БАНКРОТ НА НАЈПОЗНАТАТА МОДНА КУЌА ВО АВСТРИЈА: Немаат друга опција после Божик

ПО 200 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ БАНКРОТ НА НАЈПОЗНАТАТА МОДНА КУЌА ВО АВСТРИЈА: Немаат друга опција после Божик

ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Рекорден извоз на оружје на оваа европска сила

ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Рекорден извоз на оружје на оваа европска сила

Бесими: Државата во моментов субвенционира 1,5 проценти од каматите за бизнисот

Бесими: Државата во моментов субвенционира 1,5 проценти од каматите за бизнисот

Можно ли е ова? Која државна научна установа плаќа најскапа струја, 19 отсто поскапо од цената на берза?!!!

Можно ли е ова? Која државна научна установа плаќа најскапа струја, 19 отсто поскапо од цената на берза?!!!

НАСКОРО ЌЕ СЕ ГРАДИ БРЗАТА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10: Еве што Најавува Николоски

НАСКОРО ЌЕ СЕ ГРАДИ БРЗАТА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10: Еве што Најавува Николоски

Кој е Вивек Рамасвами - Биотек милијардерот и ѕвезда на Републиканците

Кој е Вивек Рамасвами - Биотек милијардерот и ѕвезда на Републиканците

ТУРБО ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА КИЧЕВО-ОХРИД И ЗИМОВО! Трајановски најавува амбициозен план - едниот правец целосно да биде пуштен во сообраќај пред летото

ТУРБО ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА КИЧЕВО-ОХРИД И ЗИМОВО! Трајановски најавува амбициозен план - едниот правец целосно да биде пуштен во сообраќај пред летото

ЈУГОСЛАВИЈА - ХОТЕЛ КОЈ ЈА ДОЖИВЕА СУДБИНАТА НА ДРЖАВАТА ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИ: Легендарниот објект се руши

ЈУГОСЛАВИЈА - ХОТЕЛ КОЈ ЈА ДОЖИВЕА СУДБИНАТА НА ДРЖАВАТА ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИ: Легендарниот објект се руши

ЕВРОСТАТ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Koја држава издвојува најмногу пари за здравствената заштита на граѓаните?

ЕВРОСТАТ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Koја држава издвојува најмногу пари за здравствената заштита на граѓаните?