19 Ноември, 2024
0.0270

НАСКОРО ЌЕ СЕ ГРАДИ БРЗАТА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10: Еве што Најавува Николоски

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.  

„Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга,  втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија  и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар,  што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција”- истакна министерот Николоски

Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства  од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји.

Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.


Можеби ќе ве интересира

ПО 200 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ БАНКРОТ НА НАЈПОЗНАТАТА МОДНА КУЌА ВО АВСТРИЈА: Немаат друга опција после Божик

ПО 200 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ БАНКРОТ НА НАЈПОЗНАТАТА МОДНА КУЌА ВО АВСТРИЈА: Немаат друга опција после Божик

ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Рекорден извоз на оружје на оваа европска сила

ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Рекорден извоз на оружје на оваа европска сила

Бесими: Државата во моментов субвенционира 1,5 проценти од каматите за бизнисот

Бесими: Државата во моментов субвенционира 1,5 проценти од каматите за бизнисот

ИНВЕСТИТОРИ НАВАЛИЈА НА АКЦИИ НА „ГРАНИТ“, ВЧЕРА ПОМИНА УШТЕ ЕДЕН БЛОК - кој купува?

ИНВЕСТИТОРИ НАВАЛИЈА НА АКЦИИ НА „ГРАНИТ“, ВЧЕРА ПОМИНА УШТЕ ЕДЕН БЛОК - кој купува?

Можно ли е ова? Која државна научна установа плаќа најскапа струја, 19 отсто поскапо од цената на берза?!!!

Можно ли е ова? Која државна научна установа плаќа најскапа струја, 19 отсто поскапо од цената на берза?!!!

Кој е Вивек Рамасвами - Биотек милијардерот и ѕвезда на Републиканците

Кој е Вивек Рамасвами - Биотек милијардерот и ѕвезда на Републиканците

ТУРБО ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА КИЧЕВО-ОХРИД И ЗИМОВО! Трајановски најавува амбициозен план - едниот правец целосно да биде пуштен во сообраќај пред летото

ТУРБО ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА КИЧЕВО-ОХРИД И ЗИМОВО! Трајановски најавува амбициозен план - едниот правец целосно да биде пуштен во сообраќај пред летото

ЈУГОСЛАВИЈА - ХОТЕЛ КОЈ ЈА ДОЖИВЕА СУДБИНАТА НА ДРЖАВАТА ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИ: Легендарниот објект се руши

ЈУГОСЛАВИЈА - ХОТЕЛ КОЈ ЈА ДОЖИВЕА СУДБИНАТА НА ДРЖАВАТА ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИ: Легендарниот објект се руши

ЕВРОСТАТ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Koја држава издвојува најмногу пари за здравствената заштита на граѓаните?

ЕВРОСТАТ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Koја држава издвојува најмногу пари за здравствената заштита на граѓаните?