Бесими: Германските инвеститори се меѓу најголемите во земјава со над 500 милион евра инвестиции
Објавено во: Финансии 16 Октомври, 2023 15:45
Германија е партнер и поддржувач на Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ, преку поддршка во реформите и развојниот процес. Берлинскиот процес како меѓувладина иницијатива за соработка во насока на забрзување на евроинтегративниот процес е јасен показател за поддршката која ја добиваме од Германија. Соработката и блискоста помеѓу двете економии, а воедно и довербата кон владините политики, се манифестира и преку бројните германски инвестиции во земјава. Ова беше констатирано на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со новонаименуваната амбасадорка на СР Германија во земјава Петра Дрекслер, на која и посака успех во нејзиниот мандат, продолжување и надградување на веќе добрата соработка меѓу двете земји, како и имплементација на многу нови проекти.
„СР Германија е наш најзначаен трговски партнер кој има учество од околу 25 отсто во вкупната трговска размена и бележи постојан раст. Во првите седум месеци од годинава остварена е трговија во износ од 2,9 милијарди евра при што извозот на стоки кон Германија е 2,23 милијарди евра и го зазема првото место во структурата на вкупниот извоз на земјата. Присутни се и германските инвеститори кои се меѓу најголемите во земјава кои имаат реализирано странски директни инвестиции за период од 10 години од 561 милион евра“, истакна министерот Бесими и додаде дека ова дава значаен позитивен инпут врз домашната економија.
СР Германија стои и зад реализацијата на повеќе проекти што се спроведуваат на централно и локално ниво и кои се од големо значење за државата, а особено е активна во енергетскиот сектор, во кој инвестициите се покажаа како клучни со актуелната енергетска криза. Дел од проектите во овој сектор што се спроведуваат со поддршка од Германија се Ветерен парк Богданци, втора фаза, со вкупна инсталирана моќност од 13,8 MW, проект за топлификација на Битола, проект за рехабилитација на шест големи хидроелектрани, проект за реконструкција и енергетска ефикасност на студентските домови, како и програми за водовод и канализација и за наводнување.
Во тек се активности за проекти на кои ќе се работи во наредниот период, а до крајот на годината се очекува да се обезбедат 90 милиони евра од КфВ Банката за поддршка на програмата за стабилизација и декарбонизација на енергетскиот сектор, а истите ќе бидат наменети за буџетска поддршка.
На средбата беше истакнато дека ваквиот тренд во соработката треба да продолжи и да се интензивира во сите области од заемен интерес, што пак ќе придонесе за забрзување на процесот на приближување на земјата до ЕУ. РС Македонија, како што беше посочено, цврсто е посветена на остварување на тој приоритет и дека ги презема сите неопходни чекори за тоа да стане реалност.
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете




