16 Јуни, 2025
0.0341

Бесими: Најмногу екстра данок ќе платат фирмите од енергетскиот сектор и игри на среќа

Објавено во: Економија 26 Септември, 2023 11:18

Добивај вести на Viber

Во време на ковид-кризата фирмите беа поддржани со низа мерки од државата. По принципот на солидарност, оние фирми кои оствариле екстра профит, како резултат на минатогодишните случувања на пазарот, а од кои голем дел користеле претходно владини мерки, треба да придонесат преку плаќањето на данокот за солидарност, средства кои ќе се користат исклучително за новиот пакет антикризни мерки за граѓаните и фирмите. Ова е една од пораките во рамки на вчерашното гостување на министерот за финаннсии, Фатмир Бесими во дебатата со претставниците на бизнис секторот на Тв 24.

Министерот за финансии истакна дека најголем дел од компаниите кои оствариле екстра профит лани, за повеќе од 20% од просекот од претходните три години и подлежат на данокот на солидарност се  околу 40% фирми од енергетскиот сектор, околу 40% се фирми од финансискиот сектор, игри на среќа и трговија на мало и остатокот од 20% се фирми од други дејности.

Бесими посочува дека солидарниот данок се носел низ инклузивен процес со повеќе јавни расправи, но и билатерлани средби со коморите, уште од декември 2022 година. Во самите расправи се прифатени нивни сугестии од кои едната се однесува на годините кои се земаат за основицата за пресметка, што влијаеше и намалување на фискалниот ефект на оваа мерка од 90 на 50 милиони евра.

„Импликациите од Законот за данок на солидарност се 50 милиони евра. Средствата се наменски и се одредени за антикризни мерки. Ако не, тие средства ќе треба да се обезбедат на друг начин, а тоа е задолжување со камата од минимум 7%. Тие средства повторно ќе ги платат даночните обврзници - ние, идните генерации, но со многу повисок трошок“, рече министерот Бесими.

Данокот на солидарност се воведе во повеќе земји на ЕУ. Тој се состои врз два принципи - екстра добивка создадена од конјуктурата во пазарот и солидарноста.

„Свесен сум дека компаниите нема да кажат фала за законот за солидарност, бидејќи им се наметнуваат нови давачки. Но, кои се импликациите? Импликациите доколку не се реализира данокот на солидарност, кој бил дискутиран, за кој средствата се наменски, се одредени за антикризни мерки, тие средства ќе треба да се обезбедат на друг начин, а тоа е задолжување со камата од минимум 7%. Тие средства повторно ќе ги платат даночните обврзници - ние, идните генерации, но со многу повисок трошок“, посочи министерот Бесими.


Можеби ќе ве интересира

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Дали платината станува новото злато?

Дали платината станува новото злато?

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти