16 Декември, 2025
0.0603

БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ И СУБВЕНЦИИ ЗА ПРИДОНЕСИТЕ ЗА ПЛАТИ - Владата излезе со првите економски мерки

Објавено во: Финансии 18 Март, 2020 10:19

Добивај вести на Viber

Мила Царовска, вицепремиерка за економски прашања денеска ги презентираше клучните економски мерки за заштита на економијата на земјава од големите економски последици до кои би можело да дојде поради кризата со коронавирусот.

„Коронавирусот донесе и предизвици за светската економија и негативни последици. Македонската економија нема да остане имуна. Владата ќе излезе со мерки, економскиот тим на Владата, коморите и експертите, правевме анализи за да се ублажи кризата. Ова е првиот сет на мерки за справување со економските последици, и за ликвидноста на компаниите и на државата“, рече Царовска.

Ова се мерките.

Директна финансиска поддршка за ликвидност на малите, средните и микропретпријатијата, со поволни кредити од Развојната банка на Македонија. Станува збор за кредитна линија во износ од 5,7 милиони евра со кои ќе се кредитираат дитектно компаниите поради неликвидност, кои се погодени од кризата. Дизајнирани внимателно за да се поддржат што поголем број компании. Секоја компанија зависно од бројот н вработени ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра кредит, микро компанииуте од 3 до 10 вработени ќе добијат од три до пет илјади евра, оние малите од 10 до 50 вработени ќе подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра, средните од 50 до 250 вработени ќе земат кредит од 15 до 30 илјади евра. Овие кредити се бескаматни, со нула проценти камата, грејс период 6 месеци и период на отплата две години, администрирањето нивно ќе биде целосно бесплатно.

Втората мерка е за платите, да се задржи секое работно место. Обезбедуваме субвнционирање на придонесите на платите во секторите туризам, транспорт, угостителство и други компании погодени од мерките на Владата за април, мај и јуни, во висина од 50 проценти од придонесите, за исплатена просечна плата во 2019 година. Компанијата нема да смее да го намали бројот на вработени во однос на оној број што го имала во февруари годинава, да не исплатила дивиденда во 2020 година и да нема исплатено награди и бонуси по влегување во сила на мерката. Компаниите кои годинава ќе остварат добивка, ќе вратат субвенции за придонес во износ од 50 проценти од добивката по оданочување, што значи дека мерката е директно насочена да им помогне на фирмите што поради коронавирусот годинава остварил послаб финансиски резултат. 

Во фабриките и погоните каде работат поголем број работници, Владата препорачува тие да ја реорганизираат својата работа во смени, и тоа во три или четири смени по потреба, се со цел да се намали бројот на вработени во една смена, што ќе го намали ризикот. Фабриките да се дезинфицираат после секоја смена.

Заради непречен влез и транзит на товарни возила, Санитарниот инспекторат преку МАКАМТРАНС ќе дава дозволи за влез, за да не престане трговската размена со ниедна земја. Возилата ќе влезат со соодветна заштита и протокол.

Навремено се обединуваме со стопанството, за да ги спречиме големите последици. Треба правилно да ги насочуваме ресурсите. 

Ќе подготвуваме и резервни сценарија. Продолжуваме со дијалог, рече Царовска.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска