29 Март, 2024
0.0248

БЕСКАМАТНИТЕ КРЕДИТИ СТИГААТ ЗА НАПЛАТА, ДЕЛ ОД ФИРМИТЕ „ПАМЕТ НЕМААТ“ КАКО ЌЕ ВРАЌААТ - ако сакаат ново пролонгирање, бизнисмените да се обратат до коморите

Објавено во: Финансии 29 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Малите фирми кои користеа бескаматни кредити од Развојната банка, со цел да им помогнат да ги надминат проблемите што им ги предизвика ковид кризата, од крајот на јули по се изгледа дека ќе мораат да почнат да ги враќаат.

Стопанственици кои ги користеле овие бескаматни кредити, од Ковид два кредитната линија, за Фактор сведочат дека овие средства првично требало да почнат да ги враќаат од крајот на јули минатата година, но Владата донесе одлука да одобри уште една година грејс период, бидејќи во тој период се пролонгираше ковид кризата, а фирмите главно немаа многу работа, па враќањето на кредитите можеше да им предизвика дополнителни финансиски проблеми.

Затоа беше донесена одлука, зависно од можностите на малите претпријатија, тие да изберат дали ќе почнат да ги отплатуваат заемите од јули лани, се разбира доколку за тоа имаат финансиска кондиција, или, пак, доколку сакаат, да достават барање до Развојната банка за пролонгирање од една година, со тоа што исплатата би стартувала од јули годинава.

Дел од компаниите не ни доставиле барања за пролонгирање и уште во јули лани си ја стартувале исплатата, но дел се одлучиле да почекаат подобри времиња и отплатата да ја почнат од јули 2022 година.

„Но, кој очекуваше дека уште незавршена корона кризата, врз малиот бизнис ќе удри уште посилна, енергетска криза, која предизвика страшна инфлација, и ни донесе уште поголеми проблеми“, велат дел од малите стопанственици кои се јавија во нашата редакција.

Една фризерка од Скопје, беше многу тешко погодена од корона кризата, и, како што вели, одлучила да земе бескаматен кредит од Развојната банка, со цел да го премости ужасниот период.

„За време на короната, луѓето беа исплашени, и речиси сите го изретчија одењето на фризер колку можеа. Дури и постојани муштерики ги намалија доаѓањата. За да го преживеам тој период го зедов бескаматниот кредит, кој требаше да почнам да го враќам во јули лани. Но, состојбата тогаш воопшто не ми беше подобрена, па многу се израдував кога Владата донесе одлука и бевме известени дека кој сака, ќе може да го пролонгира стартот на отплатата за една година“, раскажува оваа млада стопанственичка.

Но, времето брзо поминало и таман почнала да застанува на здрави нозе, удри енергетската криза и високата инфлација. Драстично зголемени, вели, се сметките за се, а цените на клиентите не може да им ги зголемам, бидејќи ќе им биде скапо и повторно нема да доаѓаат, па е можно повторно да се намали бизнисот.

„Затоа сега памет немам како ќе го враќам кредитот. Треба да почнам со отплата од 27 јули, и треба да платам околу 23 илјади денари, за три месеци, бидејќи така е договорено плаќањето, на секој квартал. Како и од каде ќе ги наоѓам тие пари, не ми е јасно. Навистина верувам дека Владата ќе донесе одлука уште беднаш да ја пролонгира отплатата“, вели оваа бизнисменка.

Од Развојната банка велат дека дали ќе има ново пролонгирање на отплатата, одлуката треба да ја донесе Владата, преку која се обезбедуваат средствата, а кредитите се пласираат преку Развојната банка. Нагласуваат дека и минатата година Владата донесе одлука да се пролонгира отплатата, поради пролонгирање на ковид кризата, а Развојната банка тоа го реализираше и им даде опција на фирмите да изберат дали сакаат да почнат со отплатата, или да поднесат барање за ново пролонгирање.

Објаснуваат дека најчесто барањето за пролонгирање стигнува од коморите во кои членуваат компаниите. Потоа коморите ги испраќаат тие барања до премиерот, вицепремиерот за економски работи, министрите за економија и финансии, односно до Владата. Ако таа процени дека поради енергетската криза има потреба да се пролонгира за уште извесен поериод отплатата, и ако донесе таква одлука, Развојната банка тоа веднаш ќе го реализира.

Оттаму уште и велат дека досега до нив не стигнало барање од некоја од коморите за пролонгирање на отплатата на заемите. Затоа и нивната сугестија е до малите фирми кои имаат проблеми со отплатата која треба да стартува, да се обратат со ова до некоја од коморите во кои членуваат и да побараат пролонгирање, а тие потоа ќе го пренесат барањето до Владата.

Инаку, како што велат од Развојната банка, доделувањето на бескаматните кредити преку ковид линиите се покажало како успешно, а многу од фирмите веќе ја стартувале исплатата, па некои дури и предвреме, кога нивните бизниси закрепнале од ковид кризата и дошле до ликвидни средства.

Оние, пак, кои стартувале, а имале проблеми при исплатата, Развојната банка ги толерира извесен период, па дури и ако доцнат над 90 дена.

„Сега донесовме одлука да не ги даваме на извршување дури и оние што доцнат над 90 дена, но само ако станува збор за жива фирма, која сеуште работи на пазарот“, објаснуваат од МБПР.

Но, некои од бизнисмените кои зеле бескаматни кредити, иако се малку на број, се обиделе преку „финти“ да го избегнат плаќањето, со тоа што ги затвориле, односно ги банкротирале претпријатијата.  

„Тоа изгледа го направија по лоши совети од некои од сметководителите. Но, ние ги најдовме преку Централниот регистар, а изгледа и заборавија дека управителите гарантираат со лична меница, што значи дека со извршување може да им се одземе дури и покуќнината. Е нив ги дадовме на извршување, но тоа не го правиме за живите фирми“, објаснуваат од Банката.

Инаку, преку линијата Ковид 1 за бескаматни кредити, беа опфатени 751 фирма, а беа доделени заеми од 6,2 милиони евра, преку Ковид два се кредитираа 639 фирми, со вредност на кредитите од околу осум милиони евра. Линијата Ковид 3 беше најгфолемна и опфати 2.703 фирми, со вкупен износ од 30,6 милиони евра, а Ковид 4 беше помала и опфати 41 фирма со износ од 200 илјади евра. Ковид 5, пак, почна за ковид кризата, а потоа се пренамени за фирми што имаат проблеми со енергетската криза, каде се опфатени 122 фирми, а сумата бе 5,2 милиони евра. За овие кредити во тек е склучувањето на договорите, а кај наекоин заеми веќе и почна исплатата на средствата.

Нина Нинеска-Фиданоска 

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап