Бесмира Ејупи само лани земала 12.000 евра од државни институции
Објавено во: Македонија 03 Март, 2022
Државни институции и исплатиле речиси 12.000 евра на поранешната тв-презентерка Бесмира Ејупи само минатата година.
Според информациите кои ги објави Фокус од базата „Отворени финансии“ се гледа дека на трансакциската листа на Ејупи се Државното правобранителство, но и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница. Oткако нејзиното име беше споменато во јавноста, како некој кој може да биде испратен за конзул, имаше многу реакции.