Таравари по втор пат ќе ја гради Клиниката во Штип: Ништо не е сменето од 2017
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2024 14:19
Арбен Таравари по втор пат стана министер за здравство и зградата на недовршениот клинички центар во Штип е во истата недоизградена состојба од тогаш.
- За жал во 2017, кога бев министер само 100 дена, не ја посетив зградата, сега гледам дека ништо не е сменето, рече доскорешниот градоначалник на Гостивар при денешната заедничка посета со премиерот Христијан Мицкоски.
Таравари рече дека има иницијатива да се објави нов повик за нов изведувач, но дека за тоа прво ќе треба да има усогласување во Владата и дозвола од Министерството за финансии
- Знам дека е активирана банкарската гаранција минатата година и веќе таа работа е завршена. За кривични пријави ќе треба да прашам па да ви кажам, напомена Таравари и додаде дека 6-те милиони евра од активираната банкарска гаранција се или во Министерството за здравство или ги чува Владата.
Рокот за изградба на штипската болница привично беше до 2018 па потоа со анекси на договорот беше продолжен до 2023 но поради судски процеси и банкроти на фирмите кои работат на неа изградбата оди со доста забавено темпо. Пред две години Банката на Советот на Европа која беше финансиер на изградбата на Клиничка болница Штип се повлече, а финансирањето за градба на овој објект продолжи со средства од буџетот на Владата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




