05 Декември, 2025
0.0302

Беснилото во Македонија, фикција или реалност?

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2013 09:38

Добивај вести на Viber

Еден ден по објавувањето на информацијата за појава на беснило во земјава и спротиставените тврдења на надлежните институции и невладините организации за заштита на животните, се поставува прашањето кој е во право, има или нема беснило? Според информаците од  Агенцијата за храна и ветеринарство присуството на вирусот на беснило кај мачката од скопско Радишани која касна човек е потврдено. Во оваа скопска населба како што изјавија од АХВ се најдени уште 2-3 мачки за кој се претпоставува дека имаат беснило, и дека преносителот е лисица.
-Превземени се мерки за заштита и вакцинирани се мачките и кучињата во населбата Радишани, а шинтерските служби започнаа со заловуње на животните, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.
Од АХВ апелираат, граѓаните да ги вакцнираат своите домашни миленичиња. Организациите за заштита на животните тврдат дека нема беснило На ваквите тврдења на надлежните остро реагираа од организациите за заштита на животните, според кои во земјава нема беснило а информацијата дека е чиста шпекулација.
-Со оглед на тоа што станува збор за непроверени информации, шпекулации, или ненамерна новинарска грешка  со што се сее страв кај граѓаните и се крева сериозна паника кај населението, додека паралелно се врши масовно заловување на кучињата во бројни населби, бараме Факултетот за ветеринарна медицина, Ветеринарниот институт, Агенцијата за храна и ветеринарство да излезат јавно и да ги демантираат произволните тврдења, кои се штетни за сите нас и погубни за животните. Имено, располагаме со сигурни тврдења дека во моментов нема ниту еден откриен случај на беснило кај мачките во Ветеринарен институт, нема случај на востановена дијагноза, велат од “Анима мунди”.
Од организациите за заштита на животните тврдењата дека нема беснило ги поткрепуваат со фактот  што во Македонија нема референтна лабораторија која што може да го потврди тоа. Дел од упатените во оваа проблематика  коментираат дека целата состојба е намерно смислена оти надлежните не можат да се справат со кучињата скитиници па најлесно им е да кажат дека има беснило и на тој начин да се исчистат од улиците. Од друга страна пак казните за невакцинирање на домашни миленичиња се од 5.000 па нагоре.
-Инспекторите не почекаа ниту момент, па веќе има поплаки, дека одат од врата на врата и ги опоменуваат граѓаните да ги вакцинираат домашните миленичиња, велат од оделот од организациите за заштита на животните.
Последен пат паника од беснило пред 12 години Извори за Фактор, објаснуваат дека последната паника што се кренала меѓу населението во земјава поради наводната појава на беснило се случила пред околу 12 години. Исто како и сега, како што тврдат анонимни упатени  извори, случајот се отворил со наводно заразена мачка од беснило, по што веднаш била издадена наредба да се елиминираат сите бездомни кучиња на територијата на Скопје. Паниката настанала и меѓу граѓаните кои се уплашиле од појавата на беснило, но и меѓу љубителите на животни, па дел од граѓаните почнале во комбиња да ги товарат своите маалски миленици за да ги заштитат од убивање и ги пуштале по полињата, само за да им го спасат животот. Поради овие причини, здруженијата за заштита на животни апелираат, институциите да не шират непотврдени информации во јавноста за да не се крева паника, се додека не биде објавен официјален документ што би го потврдил постоењето на беснило. Во јавноста засега не е познато кој е човекот кој бил каснат од мачка. На социјалните мрежи се појави лице чиј профил гласи Мартин Поповски и кој тврди дека неговиот брат бил жртва на мачката која наводна била заразена од беснило. Тој напиша:
„Брат ми е вакциниран и е добар. Мачката ја најдовме згазена на улица, а брат ми кога се обидувал да ја тргне од улицата за да ја спаси од автобус го каснала. Ја однесовме на ветеринар, тој не препрати во Институтот за ветерина и од таму ни јавија дека испитувањата покажале дека има беснило и треба да биде вакциниран“, напиша Пановски.
Тој не одговорил на писмата што му ги испратиле здруженијата за тоа дали на неговиот брат му бил доставен официјален документ дека мачката била заразена од беснило. Инаку сеуште нема информација дали вирусот е потврден и кај другите 2-3 мачки што биле заловени во скопската населба Радишани. Ј.Ј.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј