Добивај вести на Viber
Бесплатен автобуски превоз за сите кои сакаат утре да го пречекаат Јохан Тарчуловски организира здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски.
За таа цел од здружението информираа дека се обезбедени 50 автобуси кои бесплатно ќе ги транспортираат граѓаните од Скопје до аеродромот Александар Велики и назад до Плоштадот Македонија кои ќе тргнат во 13:00 часот од паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски.
Истовремено со 200 автобуси ќе биде овозможен бесплатен превоз на сите граѓани од градовите од внатрешноста на државата до Скопје и назад.
Од Здружението најавија голем пречек за враќањето на Јохан Тарчуловски во Македонија. Тој беше ослободен од затвор откако издржа две третини од 12 годишната казна која му ја изрече Хашкиот трибунал поради сторени воени злосторства за време на конфликтот во 2001 година.