Бесплатен зимски одмор за децата од сиромашни семејства
Објавено во: Мои пари 02 Јануари, 2013 17:00
Пристигна првата група од 400 деца кои од втори до осми јануари ја користат бесплатна услуга за одмор и рекреација во одморалишата во Пелистер во Битола и во Бунец во Маврово.
Како што информираа од Министерството за труд и социјална политика, ова е вториот дел од Проектот користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на 3.000 деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток. Според планот треба да бидат опфатени 1000 деца кои ќе заминат на бесплатен зимски одмор.
Втората група во зимските одмаралишта ќе престојува од 8-ми до 14-ти јануари, а третата од 14-ти до 20-ти јануари со што вкупно 600 дечиња ќе заминат на одмор во одморалиштето Пелистер во Битола, а околу 400 дечиња во Бунец во Маврово.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





