Добивај вести на Viber
Жителите на Ѓорче Петров утре ќе можат да одат на бесплатен преглед. Општината во соработка со доктори специјалисти ќе овозможи бесплатни прегледи. Четири медицински екипи ќе мерат шеќер во крвта , крвен притисок, а ќе има и општи прегледи за сите заинтересираните граѓани. Настанот ќе се случи во реонскиот парк во Ѓорче Петров а ќе започне во 10 часот.