20 Декември, 2025
0.2306

Бесплатни лекови и намалени цени во аптеките од четврток!

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2013 20:22

Добивај вести на Viber

Од Фондот за здравство стигна најава за поевтинување на лековите од позитивната листа. Новите референтни цени стартуваат од четврток, што значи дека на 170 лекови им се намалува доплатата, од кои 110 ќе имаат и пониска партиципација. Станува збор за лекови од различни категории, од аналгетици и антибиотици, се до лекови за епилепсија, ревматски или кардио заболувања. 21 лек пак за првпат ќе се даваат бесплатно на пациентите. Заштеди освен граѓаните ќе има целиот здравствен систем, тврдат од Фондот за здравство. Според директорката, Маја Парнарџиева Змејкова, последнава или веќе четврта ревизија на цените од ФЗОМ, ќе значи заштеда годишно од 88 милиони денари за Фондот и заштеда од 31 милион денари за пациентите. Според Парнаџиева Змејкова, се работи на тоа, во следните две години за 100 отсто од генериките да има по еден лек без доплата. „Засега тој број беше 73 отсто или 284 генерики, а од 19 декември дополнителни 15 терапии ќе бидат со лекови без доплата или вкупно 299 генерики стануваат без доплата за осигурениците, посочи Парнарџиева Змејкова и додаде дека ова се рекордни бројки до сега во македонското здравство. Доплата , додава таа, има за само уште 23,5 отсто од лековите. Намалувањето на цените е направено и во договор со сите 42 фармацевтски компании. Сега, апелираат од Фондот, матичните лекари имаат обврска да ги информираат своите пациенти за сменетите цени на лековите. Аптеките пак имаат обврска да истакна список со лекови што се бесплатни.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии