Бесплатни семинари од СИТИ Колеџ во Лабораториум
Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2024 11:01
Со два бесплатни семинари од истакнати професори, СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ќе го организира отворениот ден на 11 ноември (понеделник) во Лабораториум од 12.00 до 16.00 часот. Семинарите ќе бидат на две теми, Гејмификација и Позитивна невропсихологија, а дополнително ќе се одржи и информативна сесија за академските програми и студии кои се нудат на СИТИ Колеџ.
„Гејмификација: Современ начин за ангажирање на вработените и клиентите“ е темата на еден од семинарите. Ќе го води Крис Лиасидис, вонреден професор на Катедрата за бизнис администрација и економија, а ќе адресира прашања како што е гејмификација, како функционира и каде може да се користи. Овој семинар ги демистифицира стратегиите што ги прифаќаат бизнисите и корпорациите во нивните напори да растат со користење на Gamification. Со анализа на механизмите и методологијата и со студија на случаи каде гејмификацијата е имплементирана, ќе одговори зошто Gamification може да се користи во секој бизнис, без разлика кои се целите.
Семинарот на д-р Калиопи Мегари на тема „Позитивна невропсихологија: Апликации во типични и клинички услови“ ќе се осврне на позитивната невропсихологија во невропсихолошките истражувања и практиката да го промовира когнитивното здравје преку различни стратегии. Д-р Калиопи Мегари е академски директор на постдипломските студии по клиничка психологија и клинички супервизор на Катедрата за психологија, на СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.
Се покануваат сите ученици и студенти кои се заинтересирани за бесплатно учество на Отворениот ден и кои сакаат дополнително да се информираат за академските програми и за можностите за студирање на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, да го пријават своето учество налинкот.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА




