18 Декември, 2025
0.1305

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2025 12:16

Добивај вести на Viber

Во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески, гостин е Кастриот Арифи - директор за стратегија и развој во винаријата „Тиквеш“ АД и М6 Инвестментс и член на УО на Стопанската комора. Во разговорот Арифи сподели значајни информации за работењето на винаријата „Тиквеш“ АД,  стратегиите за раст и развој, како предизвиците во образовниот систем.

Винаријата „Тиквеш“ АД е бренд што го препознава светот, која извезува во над  25 земји ширум светот, меѓу кои, најмногу во САД, Кина, Германија и Велика Британија, како и на регионалните пазари – пред сѐ  во Србија, потоа во Босна и Херцеговина и Косово. Според количината и вредноста на продаденото вино „Тиквеш“ е лидер меѓу винарските компании, со годишен приход од 60 милиони евра и продадени 16 милиони литри вино. Само во Србија се извезуваат 6 милиони флаширани вина.

Арифи го опишува „Тиквеш“ не само како бренд, туку и симбол на Македонија. Работата во компанијата ја нарекува непроценливо искуство, особено поради визионерското водство на Свето Јаневски — основач и главен инвеститор во М6 Групацијата.

„М6 Групацијата е холдинг компанијата, додека „Тиквеш“ е брендот кој го препознава целиот свет и не е само бренд, туку и подзнак на Македонија“ изјави Кастриот Арифи.

Говорејќи за неговата соработка со Свето, Арифи го нарекува „голем човек од кого може многу да се научи“ поради неговото знаење, посебно за новите технологии и методи, кој несебично го споделува со другите, дава различни патишта за надминување на предизвиците, како и поддршка за развој и унапредување на знаењата на кадарот преку обуки во странство, особено во Лондон. Во 1989 година, Јаневски  вовел уникатен модел на франшиза дистрибуција со камиони, дистрибуција која не постои во светски рамки, со фокусирани вработени во регионот и надвор.

Арифи го опишува Јаневски како голем патриот кој  го промовира брендот „Тиквеш“ не само во регионот, туку и на глобално ниво. Под негово водство „Тиквеш“ стана интернационално признат бренд со вина што добиваат награди на светските саеми.

„Тиквеш и Свето се едно исто“ заклучи Арифи. 

На прашањето што значи стратегија на една компанија, Арифи објаснува дека стратегијата не е само оперативна ефикасност, туку и визија за иднината- планирање активности кои овозможуваат раст и да се развој на една компанија, како и опстанок на светските пазари. Стратегијата треба да биде насочена кон надминување на предизвиците и нивно преточување во успех и резултати.

„Мора да се биде креативен - како да се справиме со сите предизвици и како да растеме како компанија и да останеме на извозните пазари“, истакна Арифи.

Говорејќи за идејата за стратешко спојување на „Тиквеш“ (производство на вино) со „Бадел“ (производство на алкохолни пијалаци) и „Бип“ (производство на пиво) за заедничка дистрибуција, која постои веќе подолго време, Арифи нагласи дека таа сѐ уште е актуелна, но постои и процес на истражување за  спојување со други фирми. 

„Стратегијата на окрупнување и настапување на пазарите со диверзифицирано портфолио, значи дека така сме појаки, постабилни и поспремни за предизвиците со кои ќе се соочуваме“ изјави Арифи.

Во работењето на „Тиквеш“ АД, дистрибуцијата не завршува со испорака на производот, туку најважно е да се стигне до крајниот потрошувач, за да се добијат информации за квалитетот, но и за потребите на пазарот што овозможува развој на нови производи според реалните потреби.

Кастриот Арифи се образувал во македонскиот образовен систем, но во својата професионална кариера имал среќа да работи со искусни и стручни лица, од кои многу да научил, работејќи како консултант во Глобал Дата, менаџер за продажба во земјата за Банини од Србија, регионален менаџер за продажба, виш бизнис аналитичар и директор за продажба во Винаријата „Тиквеш“ АД и М6 Инвестментс.

Сепак, изрази загриженост дали младата генерација која е поврзана со новите технологии,  ќе успее да се снајде со застарените методи на нашиот образовен систем. Потенцира дека нема конзистентност во образовните политики кои се менуваат со смена на министри, а од осамостојувањето до денес се смениле околу 20 министри.

Образованието, според него, треба да се фокусира на вештини, критичкото мислење, медиумска и дигитална писменост, како и подготовка за работа со новите технологии и алатки. Дополнително, треба да работи на задржување на младите во земјата.



Можеби ќе ве интересира

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници