БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА СКИ ЛИФТОВИ И ЖИЧАРНИЦИ - најава за 15 и 16 декември за Попова Шапка
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2021 17:06
Вечерва официјално ќе се пушти во употреба новото осветлување на патеката за ноќно скијање, на што ќе присуствува и министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој вели дека за Попова Шапка дека сè уште се разгледуваат понудите кои се однесуваат и на јавно-приватно партнерство, но и на целосна приватизација како и друг вид на понуди.
„Ние веќе имаме неколку понуди во однос на Попова Шапка, но не само за Попова Шапка во делот на ски-центрите и развивање на ски-центрите во нашата држава се разгледуваат сите опции, се разгледуваат нивните бизнис планови, нивните понуди, а сериозна Влада, сериозен менаџмент како што е менаџментот на ЕЛЕМ Турс не ги чека само да се заокружи тој процес, но паралелно со тоа инвестира со можностите што ги има се со цел да ја зголеми вредноста на Попова Шапка бидејќи Попова Шапка е на сите граѓани на нашата држава, посебно на граѓаните кои гравитираат во склоп на Полошкиот регион и Општина Тетово“, рече Бектеши.
„Јас можам да најавам дека веќе за годишниот план за јавни набавки за 2022 година има предвидено средства околу идејниот проект за жичарницата. Тоа е огромен проект, голема инвестиција за којашто треба и поголеми средства и време за реализација бидејќи не е едноставно, тоа е многу сериозна и обемна работа“, изјави Авзиу.
Според неговата изјава, во наредниот период се очекуваат и понуди за вештачки снег. „За вештачкиот снег имавме претставници на фирма од Италија. Ги очекуваме нивните првични понуди и проценки за воведување на вештачки снег на ски-стазите ’Поток 1‘, ’Поток 2‘ и ’Аеродром‘. Договорени бевме до крајот на месец декември да имаме првичен предлог колку би можело тоа да чини и како би можело тоа да се реализира“, вели Авзиу.

Исто така, од ЕЛЕМ-Турс, најавија неколку новитети кои ќе им овозможат на посетителите поудобен престој на овој наш најголем зимски туристички центар. „Годинашнава зимска скијачка сезона ја започнуваме на 15 декември. По тој повод, на 15 и 16 декември секој кој ќе дојде на Попова Шапка ќе може бесплатно да ги користи сите ски-лифтови и жичарници. Во изминативе седум месеци, ние на Попова Шапка инвестиравме на неколку главни точки со кои сакаме да ја подобриме инфраструктурата на ски-центарот. Инвестиравме во нова ски патека долга 2 километра, на која ќе може да има и ноќно скијање. Исто така, за прв пат имаме поставено пет јавни тоалети, за што имаше долгогодишна потреба и барање од посетителите. Изградивме и две бачила, објекти каде скијачите можат да се одморат и да се освежат. Паркирањето на возилата, што е еден од најголемите проблеми на Попова Шапка, го ублаживме така што оспособивме уште два паркинзи со што добивме дополнителни 250 до 300 паркинг места. Исто така, планираме во време на викендите кога посетеноста е најголема, а возилата се паркираат и по неколку колометри подалеку, да воведеме бесплатен бус за превоз на посетителите до скијачките терени“, изјави Адем Авзиу, директор на ЕЛЕМ-Турс, пренесе порталот СДК.мк.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




