Бесплатно летување за најсиромашните ученици
Објавено во: Мои пари 24 Мај, 2013 18:52
И следната 2013/2014 година ќе продолжи проектот за бесплатен одмор на деца од социјалните семејства. Според програмата ќе бидат опфатени уште 3.000 деца од семејства во социјален ризик или корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и посебен додаток. Програмата ги опфаќа децата од петто, шесто, седмо и осмо одделение, при што 2.000 ќе заминат на летување, а 1.000 во текот на зимскиот распуст.
Како што информираше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, децата ќе добијат седумдневен одмор, а сите трошоци ќе ги покрие ресорното министерство.
„Рангирањето на корисниците на услугата за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, ќе се врши според бодови-до 60 бода за времетраење на користење на правото, 30 бода за деца од еднородителско семејство и 10 бода за деца со инвалидност. Во случај кога лицата истовремено користат повеќе права од наведените, во рангирањето се зема правото кое е поповолно за корисникот“, рече Ристовски.Јавниот оглас за аплицирање за програмата за бесплатно летување, во медиумите ќе биде објавен деновиве. За целопт проект од Министерството се одвоени 15 милиони денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





