09 Октомври, 2024
0.1369

„БЕСПЛАТНО СКИАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД КАВАДАРЦИ“: Јанчев најави дека до крајот на годината ски центарот ќе биде во функција

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Учениците бесплатно ќе скијаат во ски центарот што се гради на Кожуф планина, обезбедени се и скии што ќе можат исто така бесплатно да ги користат. Ова го најави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој заедно со претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов и пратеникот Зоран Јованчев, беше на местото каде се работи. 

Јанчев информираше дека сите наставници по физичко и здравствено образование ќе бидат вклучени во активностите, да ги доближат вештините на скијање до учениците. Најави дека очекува, скијачката патека да биде пуштена во употреба до крајот на месец декември, со исполнети сите безбедносни услови. 

- Кожуф планина е благодет за општината и државата. Тука е детското одморалиште Михајлово, ова важи за воздушна бања. Кон активности на терен пристапивме откако претходно ги добивме сите дозволи од надлежните институции. Кожуф како планина, во овој дел држи доста снег, речиси преку целата зима има снежна покривка. Сезоната може да се продолжува и со вештачки снег - појасни Јначев. 

Градоначалникот рече дека патеката што зиме ќе се користи за скијање, во лето ќе може да служи за спуштање со велосипеди и други спортски и рекреативни активности,  ќе биде осветлена. Тој рече дека содржините што ќе бидат наменети за сите генерации, ќе се дополнуваат и нема да бидат само комерцијални. Донациите што ќе пристигнуваат за центарот, ќе одат преку спортскиот центар ,,Јасмин", што ќе стопанисува со скијачкиот комплекс, скијачката патека. Комерцијалните цени ќе ги утврдува Советот на Општината. 

Јанчев додаде дека местото што е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, има потенцијал и за понатамошен туристички развој со ресторанско и хотелско работење, индивидуални сместувачки капацитети. 


Градоначалникот повтори дека теренските работи се донација од општествено одговорната фирма ЈА МИ Кавадарци. Инвестицијата за овој центар била донација  од Комерцијална Банка и од Кожувчанка ДОО. 

Во изјава за медиумите, Рамов рече дека е ова значаен капитален проект, што, покрај другите, ја вбројува општината во редот на најуспешните во државата. Тој подвлече дека овде ќе се учи и вежба скијањето, а во затворениот пливачки базен што се гради во градот, ќе се учи и надградува пливањето како вештина.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Македонија членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027

Македонија членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027

„Секоја тенденција да се запостави правичната застапеност Вреди нема да ја прифати“: Меџити за идниот закон по укинувањето на Балансерот

„Секоја тенденција да се запостави правичната застапеност Вреди нема да ја прифати“: Меџити за идниот закон по укинувањето на Балансерот

ИСЧЕЗНА 15-ГОДИШНА ТИНЕЈЏЕРКА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ - девојчето не се вратило дома по часовите

ИСЧЕЗНА 15-ГОДИШНА ТИНЕЈЏЕРКА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ - девојчето не се вратило дома по часовите

„ГОЛЕМИ СУМИ ЗА РЕСТОРАНИ, ПОПРАВКИ НА ЅИДОВИ, ЧИСТЕЊЕ КЛИМИ“: директорот на Прилепска болница објави „полицијата ги чешла документите“

„ГОЛЕМИ СУМИ ЗА РЕСТОРАНИ, ПОПРАВКИ НА ЅИДОВИ, ЧИСТЕЊЕ КЛИМИ“: директорот на Прилепска болница објави „полицијата ги чешла документите“

„КАЈ ПОЧИНАТИТЕ НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ ДРУГИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО“: МВР се сомнева дека мајката и ќерката од Слатино починале од труење

„КАЈ ПОЧИНАТИТЕ НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ ДРУГИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО“: МВР се сомнева дека мајката и ќерката од Слатино починале од труење

Мицкоски: Паднаа лагите на СДСМ за мојот син Јован

Мицкоски: Паднаа лагите на СДСМ за мојот син Јован

„Балансерот“ падна на Уставен суд

„Балансерот“ падна на Уставен суд

„ДОАЃА НА ВЛАСТ И КРАДЕ, ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА И ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА..., И ТАКА 30 ГОДИНИ“ - еве што мисли Најчевска за практикувањето на власта

„ДОАЃА НА ВЛАСТ И КРАДЕ, ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА И ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА..., И ТАКА 30 ГОДИНИ“ - еве што мисли Најчевска за практикувањето на власта

Раскинат договорот со фирмата која доставува храна за армијата

Раскинат договорот со фирмата која доставува храна за армијата