09 Октомври, 2024
0.0275

Раскинат договорот со фирмата која доставува храна за армијата

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за одбрана Владо Мисајловски објави дека е раскинат договорот со надворешната компанија што ја снабдуваше Армијата со храна, по случајот со труењето на повеќе од 60 припадници.

Труењето се случи минатиот месец во Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, со поплаки на мачнина проследена со повраќање. „Далма фоод и кетеринг“ тогаш соопшти дека не е пронајдена вина во нивните редови.

-Еднострано е раскинат договорот кој имаше многу недостатоци. За да не биде политичка одлуката како министер за одбрана направив Комисија заедно со Министерството за одбрана, Генерал-штабот и Армијата која ги прегледа сите записници и констатираше премногу пропусти и заедно со Армијата ни даде препорака да биде раскинат договорот. Договорот е раскинат и течат сите законски прописи, но мене најважно од се ми е да не се наруши борбената готовност и секој припадник на Армијата да биде безбеден, рече министерот како одговор на новинарско прашање на настанот по повод 100 дена работа.

Мисајловски додаде дека се консултирал со правниот сектор во Армијата и со адвокат за раскинувањето на договорот, но и дека надлежните од здравство нашле некои бактерии на работните површини што компанијата која вршеше кетеринг не ги отстранила при првата опомена, затоа, како што кажа, овој договор мораше да биде раскинат. Од Министерството за одбрана претходно соопштија дека комисијата во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата одлучиле да го раскинат договорот со кетеринг компанијата доколку се утврдат недостатоци и неправилности.

-Согласно Колективниот договор на секој припадник во Армијата и Министерството му следи надомест за хранарина. Бидејќи договорот е раскинат на секој припадник ќе му биде исплатен надомест за хранарина. Во делот на Армијата каде мора да има оброци тоа веќе го регулиравме и ќе се готви во Армијата како што беше и пред неколку месеци, посочи Мисајловски.

Во иднина, како што кажа, може да се спроведат две постапки – целосно да се исплаќа хранарина по основ на Колективен договор или да се распише нова постапка за нова кетеринг компанија за што веќе се обезбедени средствата во буџетот.

-Ќе го избереме она што најголем дел од Армијата и вработените ќе го побараат, потенцира Мисајловски.


Можеби ќе ве интересира

„ГОЛЕМИ СУМИ ЗА РЕСТОРАНИ, ПОПРАВКИ НА ЅИДОВИ, ЧИСТЕЊЕ КЛИМИ“: директорот на Прилепска болница објави „полицијата ги чешла документите“

„ГОЛЕМИ СУМИ ЗА РЕСТОРАНИ, ПОПРАВКИ НА ЅИДОВИ, ЧИСТЕЊЕ КЛИМИ“: директорот на Прилепска болница објави „полицијата ги чешла документите“

„КАЈ ПОЧИНАТИТЕ НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ ДРУГИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО“: МВР се сомнева дека мајката и ќерката од Слатино починале од труење

„КАЈ ПОЧИНАТИТЕ НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ ДРУГИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО“: МВР се сомнева дека мајката и ќерката од Слатино починале од труење

Мицкоски: Паднаа лагите на СДСМ за мојот син Јован

Мицкоски: Паднаа лагите на СДСМ за мојот син Јован

„Балансерот“ падна на Уставен суд

„Балансерот“ падна на Уставен суд

„ДОАЃА НА ВЛАСТ И КРАДЕ, ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА И ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА..., И ТАКА 30 ГОДИНИ“ - еве што мисли Најчевска за практикувањето на власта

„ДОАЃА НА ВЛАСТ И КРАДЕ, ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА И ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА..., И ТАКА 30 ГОДИНИ“ - еве што мисли Најчевска за практикувањето на власта

СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ ПАТУВАЛ НА СВОЈ ТРОШОК ВО САД: Антикорупциската комисија ја затвори истрагата

СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ ПАТУВАЛ НА СВОЈ ТРОШОК ВО САД: Антикорупциската комисија ја затвори истрагата

НИЕ МОРА ДА ЗНАЕМЕ КОЈ Е ПЛАНОТ НА ВЛАДАТА: Филипче вели ќе ги користат сите механизми за да добијат одговор од Мицкоски

НИЕ МОРА ДА ЗНАЕМЕ КОЈ Е ПЛАНОТ НА ВЛАДАТА: Филипче вели ќе ги користат сите механизми за да добијат одговор од Мицкоски

АВТОПАТОТ КИЧЕВО -ОХРИД СТАНАЛ ПОСКАП ЗА 200 МИЛИОНИ ЕВРА: Паднаа сериозни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ

АВТОПАТОТ КИЧЕВО -ОХРИД СТАНАЛ ПОСКАП ЗА 200 МИЛИОНИ ЕВРА: Паднаа сериозни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ МИЦКОСКИ ЌЕ ГО ВРАТИ ИМЕТО - МАКЕДОНИЈА? Еве каков одговор даде премиерот

ДАЛИ МИЦКОСКИ ЌЕ ГО ВРАТИ ИМЕТО - МАКЕДОНИЈА? Еве каков одговор даде премиерот