09 Октомври, 2024
0.0255

Мицкоски: Паднаа лагите на СДСМ за мојот син Јован

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски изрази посебно задоволство на социјалните мрежи откако Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска донесе одлука да ја затвори постапката во врска со патувањето на неговиот син Јован со државната делегација во САД.

ДКСК утврди дека нема докази за злоупотреба на државни средства. Комисијата ја покрена истрагата по своја иницијатива на 16 јули, откако се појавија сомнежи дека младиот Мицкоски, кој има 18 години, патувал на државен трошок како дел од македонската делегација на НАТО Самитот во Вашингтон и последователната посета на Њујорк.

ДКСК утврди дека тој не бил дел од официјалната делегација и не присуствувал на ниту еден официјален состанок. По деталната проверка на документите, Комисијата заклучи дека нема докази за прекршување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, ниту за злоупотреба на буџетски средства. Со тоа, постапката е затворена и архивирана.

„Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ. Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам. А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

„ГОЛЕМИ СУМИ ЗА РЕСТОРАНИ, ПОПРАВКИ НА ЅИДОВИ, ЧИСТЕЊЕ КЛИМИ“: директорот на Прилепска болница објави „полицијата ги чешла документите“

„ГОЛЕМИ СУМИ ЗА РЕСТОРАНИ, ПОПРАВКИ НА ЅИДОВИ, ЧИСТЕЊЕ КЛИМИ“: директорот на Прилепска болница објави „полицијата ги чешла документите“

„КАЈ ПОЧИНАТИТЕ НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ ДРУГИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО“: МВР се сомнева дека мајката и ќерката од Слатино починале од труење

„КАЈ ПОЧИНАТИТЕ НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ ДРУГИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО“: МВР се сомнева дека мајката и ќерката од Слатино починале од труење

„Балансерот“ падна на Уставен суд

„Балансерот“ падна на Уставен суд

„ДОАЃА НА ВЛАСТ И КРАДЕ, ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА И ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА..., И ТАКА 30 ГОДИНИ“ - еве што мисли Најчевска за практикувањето на власта

„ДОАЃА НА ВЛАСТ И КРАДЕ, ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА И ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА..., И ТАКА 30 ГОДИНИ“ - еве што мисли Најчевска за практикувањето на власта

Раскинат договорот со фирмата која доставува храна за армијата

Раскинат договорот со фирмата која доставува храна за армијата

СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ ПАТУВАЛ НА СВОЈ ТРОШОК ВО САД: Антикорупциската комисија ја затвори истрагата

СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ ПАТУВАЛ НА СВОЈ ТРОШОК ВО САД: Антикорупциската комисија ја затвори истрагата

НИЕ МОРА ДА ЗНАЕМЕ КОЈ Е ПЛАНОТ НА ВЛАДАТА: Филипче вели ќе ги користат сите механизми за да добијат одговор од Мицкоски

НИЕ МОРА ДА ЗНАЕМЕ КОЈ Е ПЛАНОТ НА ВЛАДАТА: Филипче вели ќе ги користат сите механизми за да добијат одговор од Мицкоски

АВТОПАТОТ КИЧЕВО -ОХРИД СТАНАЛ ПОСКАП ЗА 200 МИЛИОНИ ЕВРА: Паднаа сериозни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ

АВТОПАТОТ КИЧЕВО -ОХРИД СТАНАЛ ПОСКАП ЗА 200 МИЛИОНИ ЕВРА: Паднаа сериозни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ МИЦКОСКИ ЌЕ ГО ВРАТИ ИМЕТО - МАКЕДОНИЈА? Еве каков одговор даде премиерот

ДАЛИ МИЦКОСКИ ЌЕ ГО ВРАТИ ИМЕТО - МАКЕДОНИЈА? Еве каков одговор даде премиерот