09 Октомври, 2024
0.0303

„ГОЛЕМИ СУМИ ЗА РЕСТОРАНИ, ПОПРАВКИ НА ЅИДОВИ, ЧИСТЕЊЕ КЛИМИ“: директорот на Прилепска болница објави „полицијата ги чешла документите“

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Долгови кои достигнуваат до дури 193 милиони денари наследило новото раководство на прилепската болница. Како што посочија на денешната пресконференција, која веќе е со блокирана сметка, истакна на денешната пресконфереција в.д. директорот Кире Јоноски. Воедно директорот објасни дека веќе две недели полицијата работи на проверка на сета документација.

- Морам со големо жалење да констатирам дека наследивме огромен долг. Обврските што ги има болницата, по разни основи, изнесуваат речиси 193 милиони денари. Има доста фиктивни фактури, а во одредени случаи се плаќало авансно. Затекнавме и големи суми за ресторански услуги, а на пример, една иста фирма фактурирала високи суми на фиктивни фактури за услуги, како поправка на ѕидови, на машини за перење, за чистење клима уреди, косење трева, дезинфекција на подови, до едукација на медицински сестри, а ниту една медицинска сестра не е запозната со таа едукација. Тековните обврски не се подмирувале и сме наталожени со долгови. Се вршеле и фиктивни транспорти на име - службено патување, рече Јоноски.

Јоноски додаде дека за состојбите бил известен министерот за здравство Арбен Таравари и се надеваат оти за брзо, сметката на болницата ќе се одблокира.

- Министерот е запознат со состојбите во болницата и се надеваме дека ќе изнајдеме решение. Исто така, ќе имаме и средба со Фондот, кои ќе направат напори да ни помогнат и сметката да се одблокира- изјави Јоноски.

Немало никаков проблем со пружање услуги за пациентите. Но, како што беше нагласено, останува проблемот со недостиг од медицински кадар.

- Нема никаков проблем, сите пациенти да ги добиваат здравствените услуги. Факт е дека имаме недостиг од кадар. Во сите одделенија недостасува кадар, најмногу на рентген одделението и на анестезија. За оваа година, досега, немаме одобрување за вработување, а, направен е планот за наредната година и имаме барање за 30 општи лекари. Освен тоа, се надеваме дека ќе се вработат и приватните специјализанти. Конкурсот не е наш, туку на Министерството за здравство. Разговаравме со некои приватни специјализанти и тие се заинтересирани да работат кај нас, во јавното здравство - појасни Јоноски.

Прилепската болница нуди здравствени услуги на преку 100.000 жители од регионот. 

Можеби ќе ве интересира

„БЕСПЛАТНО СКИАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД КАВАДАРЦИ“: Јанчев најави дека до крајот на годината ски центарот ќе биде во функција

„БЕСПЛАТНО СКИАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД КАВАДАРЦИ“: Јанчев најави дека до крајот на годината ски центарот ќе биде во функција

„Секоја тенденција да се запостави правичната застапеност Вреди нема да ја прифати“: Меџити за идниот закон по укинувањето на Балансерот

„Секоја тенденција да се запостави правичната застапеност Вреди нема да ја прифати“: Меџити за идниот закон по укинувањето на Балансерот

ИСЧЕЗНА 15-ГОДИШНА ТИНЕЈЏЕРКА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ - девојчето не се вратило дома по часовите

ИСЧЕЗНА 15-ГОДИШНА ТИНЕЈЏЕРКА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ - девојчето не се вратило дома по часовите

„КАЈ ПОЧИНАТИТЕ НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ ДРУГИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО“: МВР се сомнева дека мајката и ќерката од Слатино починале од труење

„КАЈ ПОЧИНАТИТЕ НЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ ДРУГИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО“: МВР се сомнева дека мајката и ќерката од Слатино починале од труење

Мицкоски: Паднаа лагите на СДСМ за мојот син Јован

Мицкоски: Паднаа лагите на СДСМ за мојот син Јован

„Балансерот“ падна на Уставен суд

„Балансерот“ падна на Уставен суд

„ДОАЃА НА ВЛАСТ И КРАДЕ, ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА И ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА..., И ТАКА 30 ГОДИНИ“ - еве што мисли Најчевска за практикувањето на власта

„ДОАЃА НА ВЛАСТ И КРАДЕ, ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА И ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА..., И ТАКА 30 ГОДИНИ“ - еве што мисли Најчевска за практикувањето на власта

Раскинат договорот со фирмата која доставува храна за армијата

Раскинат договорот со фирмата која доставува храна за армијата

СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ ПАТУВАЛ НА СВОЈ ТРОШОК ВО САД: Антикорупциската комисија ја затвори истрагата

СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ ПАТУВАЛ НА СВОЈ ТРОШОК ВО САД: Антикорупциската комисија ја затвори истрагата