18 Декември, 2025
0.4095

„БЕВ НАВРЕДУВАН, ИСМЕЈУВАН, ПОНИЖУВАН“: Груевски со детално објаснување за градбите во Скопје - 'што изградија подобро и поубаво?'

Објавено во: Македонија 31 Август, 2025 06:51

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски со ново обраќање до јавноста преку неговиот профил на Фејсбук, а неговиот долг пост е посветен на одлуките на американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на класичната архитектура секако со акцент и на градбите кои го одбележаа периодот кога Груевски беше премиер во Македонија, градби кои значително го променија ликот на главниот град. 

Во првите редови Груевски зборува за одлуките на Трамп, за сето тоа подоцна да го поврзе со одлуките за градбите во Скопје. 

Американскиот претседател Доналд Трамп уште во првите денови по инагурацијата во јануари 2025 година издаде извршна наредба за враќање на класичната архитектура. Всушност тоа беше и едно од неговите ветувања во кампањата пред изборите.

Пред два дена, на 28 август 2025 година, извршната наредба е објавена овој пат во подолга и многу поконкретна форма, очигледно подолго внимателно подготвувана од експерти од неговиот тим, која во целост може да се најде на веб страната на Белата куќа, а ја пренесоа и мал број од македонските медиуми.

Тој во објаснувањето на “Целите” започнува со реченицата:

“Основачите (се мисли на основачите на државата), во согласност со големите општества пред нив, придадоа големо значење на федералната граѓанска архитектура. Тие сакаа јавните згради на Америка да го инспирираат американскиот народ и да ја поттикнат граѓанската доблест” - пишува поранешниот премиер на Фејсбук. 

По долгото објаснување на потезите на Трамп, Груевски пишува „исто како во Скопје во мандатот кога ја предводев владата, кога се изградија повеќе објекти во историски стилови, класичен и неокласичен стил“.

- Кога тоа се правеше во Скопје, откако во 2009 година беше промовирано првото анимирано видео со идниот во тој момент замислен изглед на строгиот центар на Скопје, што подоцна доби општоприфатен назив како проект “Скопје 2014”, бев жестоко нападнат од опозицијата, од голем дел од медиумите, најголем дел од архитекторнската фела во земјата, разни необјективни политички аналитичари и слично. И тоа траеше до крајот на мојот мандат, а и потоа до денес, во една помала форма.

Бев нарекуван со најпогодни зборови, бев навредуван, исмејуван, понижуван, ми беа лепени етикети од типот дека се гради кич, дека сме прости и неуки и не знаеме што правиме, дека тоа наликува на Дизниленд, дека сум фашист, дека го уништувам Скопје, дека ја срамам и брукам државата и нацијата, дека светот ни се смее, дека се “фрлаат” пари за несуштински работи иако стануваше збор за јавни објекти, дека сум ја пре задолжил земјата за тој проект, иако за тој проект не сме земале кредити освен мал кредит за зградата на судот, и иако во тие години споредено со претходната власт релатовниот јавен и државен долг драстично беше намален, беа носени или анимирани левичарски архитекти и новинари од разни земји да се исмеваат и да го критикуваат тоа што се прави или што веќе беше направено, а таквите градби беа секојдневна цел на десетици и стотици НВО чии добро платени вработени главно од парите на Сорос, УСАИД и неколку други странски дипломатски преставништва и агенции - пишува Груевски во објавата. 

Потоа додава дека имало долгогодишна кампања за оцрнување на проектот, а преку тоа и него како предводник на владата и водечката партија во тоа време.

- Ги броеја инвестираните пари во објектите, мостовите, фонтаните, канделабрите со класичен стил, небаре се што правам ќе си го однесам со мене еден ден, а нема да остане на граѓаните и државата и да привлекува туристи како никогаш претходно.

Го издржав сето тоа. Знаев дека низ историјата сите големи градби и големи промени биле дочекани на нож, а потоа, по една историска дистанца, тие стануваа нешто со што нацијата се гордее, таму сака да се фотографира и да ги однесе странските гости, од таму излегуваат фотографиите и видеата кога се зборува за земјата во некој медиум. Знаев дека јас, моите поддржувачи и нашите наследници нема да се срамиме од изграденото кига прашуната на политичката и медиумска пропаганда ќе падне, а пред очите на граѓаните и туристите ќе останат убавите и истовремено општо корисни градби.

Единствено се сеќавам дека архитектот и активист на СДСМ Мирослав Грчев, инаку еден од најголемите критичари на овој проект, во една прилика во телевизиска изјава ја кажа искрената причина за неоснованите критики, што покажа дека станува збор за страв од тоа што се случуваше.

Па така, на сред критиките дека градот го нагрдувам, го правам грд, тој кажа: “ Со ова Груевски си прави вечни билборди”.

Билборд е објект за реклама, а ако производот е грд, не можеш да имаш добра реклама. Ако дотогаш мислев дека можеби се во прашање само различни архитектонски вкусови, што до некаде може да се разбере, тогаш веќе се уверив дека е во прашање страв од долгорочни позитивни политички ефекти на партијата која ја предводев, и во тој дух беше мојот одговор: “а зошто нашите политички конкуренти не изградија нешто различно што би било јавно и за сите граѓани низ годините во кои владееја? Реакцијата за тој проект беше нервоза бидејќи беше доказ дека има пари за се да се гради и создава ако се сака и се знае како - пишува Грувески во објавата. 

А потоа прашува “што изградија подобро и поубаво кога ја имаа власта?”.

Потенцира дека граѓаните на Скопје и Македонија и активисти на партии и НВО кои заради политички причини необјективно го критикуваа проектот, како да ги фати Божја казна: со доаѓањето на СДСМ, освен невпечатливи комерцијални станбени згради речиси ништо ново започнато во Скопје и во Македонија не се изгради.

Потоа посочува „мислам дека можеби не сите, но голем дел од македонските архитекти немаа искуство и знаење за дизајнирање на објекти од историски класични стилови и тоа беше една од причините зошто беа против и не се јавуваа на конкурсите, објаснувајќи го тоа со некаков бојкот, божемно гадење од проектот, дека се срамеле да учествуваат на такви конкурси, им било под нивната професионална етика и чест и слични фрази, кои всушност покриваа една празнина во нивната експертиза“.

- Потпишуваа и петиции, слично како кога се градеше ајфеловата кула во Парис, кога речиси целокупната елита на архитекти во Франција жестоко се спротистави на таа градба и потпишувајќи петиција против градбата, отцени и објави дека тоа значително ќе огрди градот Парис и ќе го намали неговиот сјај, прогласувајќи го објектот за врвен кич.

Денес сите знаеме кој е најпрепознатливиот објект во Парис, каде најпрвин одат туристите воодушевени од ајфеловата кула и дали тоа го разубавува или огрдува Парис.

Во споредбата на македонскиот проект и на она што во минатото до шеесетите години на 20 век се правеше во САД, а сега претседателот Трамп го возобновува со оваа извршна наредба, недостасуваат спомениците.

А знаете зошто?

Затоа што одамна тоа е завршена работа во САД, како и во Велика Британија, Франција, Германија, Белгија, Шпанија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Русија, Украина, Бугарија, Чешка, Италија итн.

Уште во времето кога Макеоднија или воопшто немала своја држава, или имала но со силно ограничена сувереност како после 1945 година.

Во сите овие земји, речиси да не постои значајна историска личност, или настан кој нема свој барем еден споменик - укажува Груевски. 

Еве го целото негово обраќање:



Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми