29 Септември, 2024
0.0255

Без договор по двочасовните преговори Меркел-Ципрас-Оланд

Објавено во: Економија 22 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас одржа „пријателски и конструктивни“ разговори за долгот со лидерите на Франција и Германија, но нема знаци за договор пред крајниот рок во јуни, соопштуваат светските агенции.

Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и Ципрас се „фокусираа на желбата да се постигне договор за оваа програма“, за да се поддржат грчките финансии, изјавил еден советник на францускиот претседател.

По речиси двочасовни преговори тројцата „се согласиле за потребата на грчките власти да продолжат да работат со трите институции“, додал изворот, имајќи ја предвид „тројката“ кредитори - ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Грчки владин извор додаде дека Меркел и Оланд „ја разбираат потребата од долгорочен договор“ и најавиле дека се подготвени „лично да помогнат, доколку е потребно, за да се постигне договор наскоро“.

До 5 јуни Грција треба да плати нова рата на Меѓународниот монетарен фонд. Атина сака кредиторите да им доделат 7,2 милијарди евра по спасувачката програма, но еврозоната инсистира на реформи и програма од страна на грчката влада.

Денес Меркел изјавила дека има уште многу работа пред да се постигне договор со Грција.

„Беше многу пријателски и конструктивен разговор“, изјавила таа пред да започне вториот ден од самитот на ЕУ со земјите од Источното партнерство во Рига.

Но, јасно е дека работата со трите институции треба да продолжи. Треба да се решат многу нешта пред се да се заврши, појаснила канцеларката.

Ципрас од свoја страна изјавил дека е „голем оптимист“.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија