Без годишна дозвола – нема собирање шумски плодови!
Објавено во: Агробизнис 09 Мај, 2013 20:13
Без годишна дозвола нема собирање на шумски плодови, соопштија денеска од ЈП „Македонски шуми”, од каде посочуваат дека сите физички и правни лица, откупувачи, мора да бидат регистрирани и да имаат посебни дозволи.
Пријавувањето и регистрацијата се врши во 30 подружници на јавното претпријатие, каде како што посочија од Македонски шими, се добиваат и детални информации за целокупниот ситем на одржливо користење, контрола и законски обврски во оваа област.
Во тек е и изработка на информативен материјал за користење „други шумски производи“ кој ќе биде достапен за јавноста преку медиумите во градовите и помалите рурални места.
Во 2012 година беше основан новиот Сектор за користење други шумски производи и заштита на животната средина – екологија, со цел да одговори на обврските и барањата поставени во меѓународните регулативи, но и во домашните законски прописи кои се однесуваат на оваа област. Во април годинава Управниот одбор на претпријатието ги усвои сите потребни законски прописи, правилници од областа на користењето други шумски производи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





