19 Декември, 2025
0.2146

БЕЗ ОБРАЗОВАНИЕ И БЕЗ РАБОТА: најголем број меѓу невработените се лицата кои не успеале да заврштат ниту основно

Објавено во: Економија 30 Јули, 2024 07:43

Добивај вести на Viber

Ново намалување на невработените лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување е регистрирано за месец јуни. Според најновите податоци невработени се 101.510 граѓани, додека дополнителни 46.201 лица исто така бараат работа.

Според бројките кои ги објави Агенцијата за вработување, во јуни бројот на невработени благо се намалил, бидејќи во мај имало 102.523 невработени граѓани, и дополнителни 46.664 кои исто така бараат работа. Во споредба со првиот месец од годината намалувањето е уште поголемо, бидејќи во јануари сме имале 105.803 невработени граѓани, и уште 46.881 кои бараат работа.

Иако бројот на лица кои се навработени и кои се во потрага по работа се намалува, сепак, загрижува фактот што одредени лица со години се водат како невработени и тешко успеаваат да најдат работа, но и податокот дека најголем дел од невработените се без образование или со ниско образование.

Бројките откриваат дека од вкупно 101.510 невработени дури 52.427 се жени. Притоа најголем број од невработените се во категорија без образование или со основно образование и тоа дури 60.863 од пријавените невработени лица. Притоа од овие 60 илјади невработи, 32.990 се жени.

Следна голема група се невработените со завршено средно образование. Тука како невработени се пријавиле 24.639 лица, а од нив 11.930 се жени.

Граѓани кои се невработени и кои имаат непотполно средно образование се 8.440, а од нив 2.674 се невработени.

Со високо образование се 6.337 лица, од кои дури 4.131 се жени.

Зачудува податокот дека како невработени имаме и доктори на науки и магистри.

Па така на листа невработени лица се 551 магистар на науки, од кои 349 се жени.

Имаме и 20 доктори на науки кои се пријавени за невработени, од кои 13 се жени.

Според познавачите на оваа проблематика, кај лицата без образование има дополнителни тешкотии да се вработат, токму поради фактот што тие се без образование, и голем дел од нив не се во можност да се дообразуваат, што ги прави тешки кандидати и за дообуки со кои би им се пронашле нови струки во кои може да работат.

 Исто така факт кој загрижува се невработените лица кои долги години остануваат невработени. Од податоците кои ги објавува Агенцијата се забележува дека има невработени граѓани кои се регистрирани дури и над осум години. Најголем група на граѓани кои чекаат вработување се лицата кои се пријавени од 5 до 7 години, но не е занемарлива ниту на невработените кои се пријавени и чекаат вработување повеќе од осум години.

Агенцијата за вработување има повеќе мерки со кои ги поддржува граѓаните да се вработат, или да се самовработат. Во агенцијата секоја година пристигнуваат средства од уплатите за социјални придонеси за осгурување на работниците кои ги уплатуваат работодавците. Минатата година приливот достигнал 60 милиони евра, но од нив високи 42 милини останале неискористени во Агенцијата

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?