Без тоа нема живот! На што потрошивме една милијарда евра за 10 месеци?
Објавено во: Економија 13 Декември, 2023
Дизели, бензин, автоплин, мазут и керозин. За првите 10 месеци за нивниот увоз сме потрошиле реално една милијарда евра. Тие пари биле неопходни за да обезбедат мобилност на нашето општество и движење на нашата економија. Ако е за утеха, лани заради повисоките берзански цени сме платиле 34 отсто повеќе пари за нивниот увоз кој во огромна мерка доаѓа од соседна Грција
Во првите десет месеци годинава сме потрошиле 1,22 милијарди евра за увоз на дизел горива, бензин, автоплин, мазут и природен гас покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени деновиве.
Овој параметар уште еднаш ја покажува целосната увозна зависност на Македонија од фосилните горива. А неговото значење доволно се илустрира со тоа што ќе даде конктекстот, а тој е немилосрден и покажува дека 13 отсто од целиот увоз за потребите на 1,8 милиони граѓани отпаѓа на фосилни горива.
Ако е за утеха статистиката покажува дека вредноста на увозот на фосилни горива се намалила за 34 отсто во споредба со истиот период лани. А тоа е затоа што лани цените на нафтените деривати на светските берзи дивееја и беа целосно непредвидливи и многу повисоки. Лани за истиот период за увоз на нафтени деривати сме потрошиле 1,84 милијарди евра.
Увезеното гориво во најголема мерка го трошеле повеќе од 650.000 регистрирани автомобили, автобуси, камиони, мопеди и скутери, тешки и лесни градежни машини, а и по некој авион од странските компании и 3-4 хеликоптери на АРМ и на МВР.
Важно е да се истакне и тоа дека според евиденцијата на државната статистика дел од горивото што било увезено потоа е ре-експортирано (во најголема мерка на Косово) кое купува гориво преку Македонија особено сега во периодот на влошени политички и економски односи со Србија.
Така, според евиденцијата на ДЗС Македонија извезла фосилни горива во вредност од 285 милиони евра. Тоа значи дека реално Македонија за десет месеци потрошила една милијарда евра за задоволување на своите потреби за нафтени деривати.
Црното злато во форма на дизел, бензини, мазут и автоплин во Македонија во најголема мерка влегува од соседна Грција. Токму тој увоз Грција ја прави реално втор најголем трговски партнер на Македонија. Увозот од Грција во првите десет месеци изнесува 886 милиони евра. Најголем дел од тоа е увоз на нафтени деривати.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.