НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници
Објавено во: Економија 26 Ноември, 2024
Професорката Мирјана Најчевска ја коментира состојбата со држави во светот каде има најмногу милионери.
„За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници. Во која образованието е еднакво достапно и квалитетно за сите. Во која здравството е еднакво достапно и квалитетно за сите. Во која нема должничко ропство. Во која здравата храна е еднакво достапна за сите“, пишува Најчевска.
Инаку, на листата за 2021 година прва е САД, а зад неа се Јапонија, Германија, Кина, Франција, Британија, Швајцарија, Канада.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.