25 Јануари, 2025
0.0293

Бидете хумани: Трчајте за малечката Тамара!

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Тамара Димовска од Велес е десет годишното девојче кое има проблеми со искривување на 'рбетот.

На девојчето му останува уште малку време да не остане инвалид додека е жива. Пред една година лекар од Хрватска и ја отстранил металната шипка што ѝ била прикачена за грбот. Причина за тоа било што шипката станала прекуса за нејзината висина и правела дополнителни проблеми. Фондот за здравство одбил да ги покрие трошоците за лекување во странство со образложение дека операцијата може да се направи во Македонија. Семејството тврди за Телма дека тројца раководители на одделенија од Клинички центар се потпишале дека операција тука не е можна бидејќи освен стручност, потребна е и апаратура која ја нема во земјава.

Димовски немаат пари за ова, но велат дека повеќе не можат да издржат како секојдневни сведоци на маките на нивната ќерка. Таа веќе е за 50 сантиметри пониска од нормалното, внатрешните органи и се натиснати, а најголема е опасноста кај срцето и белите дробови.

Инаку, Димовски за операцијата на Тамара досега добиле три опции за интервенции во странство, објавува интернет порталот ВелесТвОнлај.

Бидете хумани и придружете се на Трката за Тамара која ја организира Pink Suppor - Skopje Night Running заедно со Црвен крст  -трчење 5 км каде што за учество во трка секој ќе си остави донација колку сака. За да и помогнеме да има нормално детство кое од секогаш го посакувала. Сите за Тамара!

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес