„Биди перспективен, започни свој бизнис“- нов проект за самовработување
Објавено во: Мои пари 02 Март, 2013 20:38
Ќе се организира натпревар за започнување на бизнис насловен „Биди перспективен, започни свој бизнис“, за кој беше објавен јавен повик согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година.
Проектот треба заеднички да го реализираат Министерството за образование и наука, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Бизнис старт ап центарот и стопанските комори, кои со низа активности ќе им овозможат на студентите и на младите претприемачи да се здобијат со знаења за тоа што значи да се биде претприемач и да се започне сопствен бизнис.
„Целта е со овој проект да создадеме силна врска меѓу бизнисот и образованието, која е неопходна за успешно отпочнување на нови бизниси и за зголемување на бројот на нови и иновативни претпријатија, за да го намалиме притисокот за вработување, присутен во актуелниот бизнис амбиент, рече министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната промоција на проектот. Според него, загрижува состојбата на раст на бројот на млади невработени лица, па ваквите проблеми ќе се надминат доколку бизнисот и образовниот систем работат заеднички. „Неделава го објавивме јавниот повик до сите студенти и млади претприемачи, за да аплицираат со идеи кои ќе бидат евалуирани од страна на посебна комисија, при што оние студенти на кои идеите ќе бидат избрани, ќе поминат низ обука составена од 13 модули, со цел да бидат адекватно оспособени за преточување на нивните идеи во бизнис план, а после обуката, студентите ќе бидат повикани да конкурираат со нивните бизнис планови, кои ќе бидат предмет на евалуација од страна на комисијата за евалуација“, појасни Сарачини. Притоа ќе бидат избрани трите најдобри бизнис планови, а победниците ќе добијат парични награди со кои ќе се обезбеди техничка и финансиска помош за основање на компанија. Пријавувањето е во тек.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





