05 Декември, 2025
0.4034

Биковите не попуштаат во САД

Објавено во: Анализа 15 Април, 2013 09:29

Добивај вести на Viber

Веќе започна вториот квартал во новата 2013 година. И покрај сите ризици најголемите берзи во светот продолжуваат да растат со полна пареа. Иако сите зборуваат дека овој раст мора да запре, биковите барем сега засега ништо не може да ги запре. Во овој текст ќе направиме еден краток преглед проследен со неколку графикони со цел да ви ја доловиме сликата која се случува на најголемата берза во светот. Ова е S&P 500 индексот во претходните три месеци: Цели сто поени пораст за само три месеци. САД се економија која има најмалку проблеми, гледано според макро податоците. Еве како се движеше берзата ако се вратиме една година наназад: Силно изразен технички раст кој започна на крајот на минатата година. Одлични приноси за инвеститорите кои имаа можност да бидат присутни на овој пазар. Факт е дека ова е ниво кое е поголемо од она пред кризата и едноставно инвеститорите ќе мора да ги преиспитаат своите одлуки. За тоа ќе им требаат фундаментални показатели, како овој: Долгорочниот просек на коефициентот цена заработка на идексот е 14,5. Пазарот полека но сигурно оди над просекот, што генерално треба да загрижува, но како што знаеме берзата може да биде и многу повеќе ирационална отколку што е во моментов. Па така иако овој коефициент е надвор од просекот, сепак главниот тренд е сеуште силен и засега делува дека може да го наруши само Бернанке,ако каже дека веќе нема да купува обврзници. И за крај еве уште причина за овој раст: Овие се податоци за нето влез во инвестициски фондови во САД. Сумите се во милијарди долари. Како што гледате во изминатиов месецво овие фондови влегувале неделно најмалку 1,2 а најмногу 5 милијарди долари. Згора на сето ова да додадеме дека само во јануари и февруари имало нето прилив од 51 милијарда долари. Дали овие пари ќе бидат пари на будалите кои влегуваат последни, останува да видиме. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?