19 Декември, 2025
0.0507

Бил Гејтс ги повикува богатите Кинези да бидат подарежливи

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2014 18:57

Добивај вести на Viber

Богатите Кинези развиja многу од вкусовите на западните богаташи. Но според Бил Гејтс тие немаат усвоено едно од најважните нешта - филантропијата, пишува CNBC. Најбогат човек на планетата смета дека Кина треба да направи уште, за да ги стимулира богатите граѓани да прават донации за добротворни каузи. Минатата година 100-те најголеми филантропи во Кина донирале само 890 милиони долари, покажуваат податоците на Hurun. Тоа е пад од 44% во однос на 2012 година. За споредба - во 2013 година 50-те најголеми донатори во САД  дале вкупно 7,7 милијарди долари. Само Марк Цукерберг и неговата спруга донираа повеќе од 100-те најбогати Кинези - малку под 1 милијарда долари. Затоа не е изненадување дека Гејтс се обраќа јавно кон богаташите во Кина  да направат повеќе. "Кога има нешто слично на катастрофа (во Кина), тогаш гледаме површинска великодушност. Но ако се погледне во системските работи како, на пример, донации за здравство, за универзитетите за проекти и истражувања, како и за лицата со хендикеп, тоа уште не е развиено ", изјави Гејтс во Сингапур, цитиран од Ројтерс. Според него, кинеската Влада треба да размисли за воведување на политики, стимулати на филантропијата, како што е обезбедување на даночни олеснувања. Останува да се види како кинеските богаташи ќе реагираат на овој повик. Во 2010 година, Бил Гејтс и Ворен Бафет поканија 50 од најбогатите луѓе во Кина на филантропска вечера и околу една третина од нив ја одбија поканата. Повеќето од нив мислеле дека ќе бидат притиснати да донираат пари. Според податоците на магазинот Forbes во овој момент во Азија има 444 милијардери. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза