19 Декември, 2025
0.0981

БИЛА РАЈ ЗА БАНКАРИ: Кој сега најмногу се плаши од економијата на оваа земја?

Објавено во: Балкан, Економија 24 Јули, 2016 20:24

Добивај вести на Viber

Франција и Велика Британија имаат најголема кредитна изложеност спрема Турција, покажуваат податоците на турската централна банка од крајот на минатата година.

Од друга страна, банките како Уникредит, BBVA и HSBC  имаат најраспространет бизнис или инвестиции во Турција.

Изложеноста на француските банки е околу 40 милијарди долари, што е повеќе од дупло во однос на изложеноста на САД.

Странските банки имале значајни вложувања во Турција, поради што наголемо се изложени на секое нишање на довербата во услови кога таа земја ја „чисти“ полицијата, војската и судството после неуспешниот обид за воен пуч, јави Ројтерс.

Турската економија, која некогаш е доживувана како атрактивен пазар со силен економски раст и млада популација, неодамна почна да се забавува, додека поедини европски банки се обиделе да го напуштат турскиот пазар.

Британската банка HSBC во февруари се откажала од планираната продажба на бизниси во Турција поради пристигнатите ниски понуди, а Ројтерс во јуни извести, повикувајќи се на четири извори од банкарскиот сектор, дека  Sberbank, најголемата руска банка, разгледува продажба на турскиот огранок Deniz банка, но од  Sberbank негирале такви шпекулации.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен