Биле на екскурзија во Грција, а сега мораат во карантин
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 24 Август, 2021
Словенечките матуранти кои биле на екскурзија во Грција, по враќањето дома завршиле во карантин.
Тоа се матуранти кои во средината на месецот беа во грчките одморалишта, главно на островот Крф.
„Меѓу нив, 42 позитивни на коронавирус веќе се потврдени, а 10-дневен карантин е одреден за повеќе од 600 лица, вклучително и контактите кои ги имале во Словенија. Очекуваме сите организатори на вакви екскурзии да се вразумат и конечно да разберат дека земјите од црвената листа се опасни“, изјави Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).
Се очекува од туристичките агенции да не ја загрозат епидемиолошката состојба во Словенија. Во земјата расте бројот на заразени. Во Словенија за 24 часа се потврдени 477 нови случаи на коронавирус, односно секој петти тест е позитивен, со значително зголемување на бројот на новозаразени и хоспитализирани во споредба со минатата недела.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.