05 Декември, 2025
0.0494

БиМилк донираше 200 пакетчиња за децата

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2012 18:38

Добивај вести на Viber

Новогодишните и божиќните празници беа инспирација за вработените од БиМилк да им подарат над 200 пакетчиња на дечињата со посебни потреби и на дечињата од социјално загрозените семејства од повеќе институции. Со оваа акција беа опфатени дечињата со пречки во интелектуалниот развој од ОУ „Ѓорѓи Сугарев”, слепите дечиња од Здружението за слепи лица, дечињата од заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и од Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа, како и од Црвениот Крст од Скопје. Младите волонтери од Црвениот крст и оваа година им ги поделија новогодишните подароци од БиМилк на 50 дечиња од Здружението  на лица со инвалидитет „Мобилност”, а преостанатите 20 ќе ги дистрибиураат во домовите на децата кои заради тешкиот хендикеп не беа во состојба да присуствуваат на прославата. „Новогодишните празници се ближат, а со тоа расте и желбата да ги израдуваме најмладите членови на семејството со подароци. БиМилк оваа година сакаше да им го разубави претпразничниот период на најмалечките и затоа организираше предновогодишно дружење и изненадувања за секое детенце од избраните институции кои работат со маргинализираните групи. Овие дечиња се навистина скромни, тие посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат ни пружаат безусловна љубов и благодарност. Сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се случуваат најубавите работи и се остваруваат желбите, па  затоа се трудиме ниту една предновогодишна еуфорија да не помине без нашето заедничко дружење“, изјави Полексена Ристеска, одговорна за маркетинг  во БиМилк.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници