20 Декември, 2025
0.0601

Бимилк со нов производ – Новото свежо млеко со 3,5% млечна маст е најздравиот избор за децата

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2013 10:39

Добивај вести на Viber

Бимилк започна со дистрибуција на својот најнов производ - Битолското свежо млеко со 3,5% млечна маст кое има подолг рок на трајност и поголема хранливост и енергетска вредност. Благодарение на технологијата која се користи за негово производство, Битолското свежо полномасно млеко не е потребно да се вари и има рок на траење од 15 дена. Новото свежо полномасно млеко е богато со протеини, витамините А, Б и Д, минерали, јаглени хидрати, калциум и други состојки кои се неопходни за нашето здравје. Полномасното свежо млеко особено е корисно за децата и нивната секојдневна исхрана поради богатството од протеини и калциум, додека масленоста од 3,5% на свежото млеко овозможува сите хранливи состојки и витамини организмот многу полесно да ги апсорбира. „Идејата за новиот производ произлезе од потребатана потрошувачите за поздрав начин на исхрана кој вклучува повеќе свежи производи. Новиот производ од Бимилк ги нуди сите нутриционистички предности на свежото млеко, а истовремено ја нуди практичната предност на трајното млеко со тоа што може да се консумира без да се вари. Свежото Битолско млеко е похранливо, повкусно и неговото редовно конзумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк. Користејќи висококвалитетно млеко од најдобрите фарми во Македонија, свежото млеко поминува процес на бактофугирање и термичка обработка со пастеризација со што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност. Технологијата која се користи во целокупниот процес на производство на свежото млеко, како и врвните стандарди за безбедност кои ги применува Битолска млекара се гаранција за квалитетот и безбедноста на млекото. Согласно светските трендови во млечната индустрија и барањата на потрошувачите, Бимилк во иднина планира да го прошири своето портфолио на свежи млека. Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот - Danube Foods Group.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии