Добивај вести на Viber
Секторот на органското земјоделство во Европската Унија продолжува да расте, откако во последните 10 години површините се зголемуваат со околу 500 илјади нови хектари, покажуваат податоците на европската статистика.
Бројот на органските фарми во
блокот порасна над 10 пати за периодот 2003-2010 година, покажува статистиката. Така кон 2011 година површините за биоземјоделски производи достигнуваат 9,6 милиони хектари.
Органското земјоделство се дефинира како производство на храна, што има минимално влијание врз животната средина. Во ЕУ има стандарди за органско земјоделство, вклучувајќи ја и употребата на хемикалии, пестициди, вештачки ѓубрива и лекови за животните, како и нивната благосостојба.
Во биоземјоделието не се користат и генетски модифицирани организми.
Поголемиот дел од биостопанствата и земјата за биоземјоделско призводство се концентрира во старите земји-членки на ЕУ - 83% од фармите и 78% од земјата.
Секторот сепак расте и во новите земји-членки кои се приклучија по 2004 година.
Најголем удел од земјиштето наменети за биоземјоделство,
заземаат пасиштата - 45%, следени се житни култури (15%) и постојаните култури (13%). Сточарството претставува само 1% од биоземјоделството во ЕУ.
Европската комисија објави предлози за дополнителни правила за органско земјоделство во март, насочени кон зајакнување и усогласување на законодавството во областа.
Производителите на биохрани можат да аплицираат за специјални европски етикети.
ЕЦА сепак повика на построго спроведување на правилата за органско земјоделство. Во производи етикетирани како органски, биле пронајдени пестициди, антибиотици и ГМО.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: