Бислимовски: Поскапувањето на струјата од септември - на сметка од 1.500 денари плус уште 100
Објавено во: Економија 31 Јули, 2020
Цената на електричната енергија на сметките на домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 проценти од септември годинава, потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски откако ја донеле конечната одлука за поскапувањето.
Електричната енергија ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,9 денари за евтина тарифа.
Граѓаните и понатаму ќе имаат евтина тарифа која останува во пресметката во часовите како и досега.
„Знаеме дека одлуката ќе има влијание на крајните потрошувачи. За сметка од 1.500 денари на пример зголемувањето е околу 100 денари, вели Бислимовски.
Според пресметките Електрани на Северна Македонија има намалување на приходите од
продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а
МЕПСО намалување на приходите од 11 милиони евра, а падот е поради намалувањето на потрошувачката на индустриската и комерцијалната потрошувачка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.