Бистата на Анте Поповски е фрлена во езеро, оштетена и бистата на Славко Јаневски
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2021
Во Струга ноќеска непознати сторители ги осквернавиле спомен бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски.
Бистата на Поповски е фрлена во водите на Охридското Езеро, додека, онаа на Јаневски е оштетена и свртена наопаку на постаментот.
Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски посочувааботи на расчистување на случајот и откривање на сторителите, изјави Димоски.
Настанот го осуди и директорот на националната установа „Струшки вечери на поезијата", Тодорче Расевски, посочувајќи дека вакви инциденти се случувале и порано., и бара сторителите да бидат пронајдени и казнети.
Вандалскиот чин се случува на 18-годишнината од смртта на великанот Анте Поповски.
ВМРО-ДПМНЕ најстрого го осудува вандалскиот чин на сквернавење на бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга. Според нив, ваквите сквернавења на споменици и бисти на личности од значење за македонската историја, култура и литература се директно инспирирани од премиерот Зоран Заев, кој во изминатиов период велат покажа негрижа кон истите.