ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2024
Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули, сопственик на „Ритрон Копи“.
Финансиските инспектори ги открија релациите помеѓу кумановска фирма која доби 6 тендери тешки над 400 илјади евра во период од две години од државните игри на среќа.
Со потпис на директорот Перпарим Бајрами, од 2022 до 2024 година се исплаќале лажни фактури подготвени од газдата на „Ритрон Копи“, Артан Ајрули. Бајрами со народни пари плаќал телевизори, принтери, комјутерска и комуникациска опрема, која, ниту – соодвестувала, со она што го пишувало во трите договори, а ниту пак ја доставиле. Двајцата си наместиле уште три тендери.
„Второпријавениот А. А. тие информации ги искористил за однапред да изврши увоз на типови и модели на употребувани телевизори по договорените количини, со што бил доведен во поповолна положба во однос на сите други понудувачи во спроведените постапки за јавни набавки.. на телевизори за инсталација на електронски игри, со што првопријавениот П.Б му овозможил на второпријавениот А. А и петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист по три склучени договори за јавни набавки на телевизори во вкупна вредност од 12.980.000,00 денари“, стои во пријавата од Финансиска.
За целиот план на Бајрами и Ајрули да биде успешен им помагале и двајца директори од различни сектори во Државната лотарија.