27 Декември, 2024
0.0311

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Артан Груби не е државјанин на Албанија. Нема ниту запис во албанскиот службен весник кој би покажал дека Груби се здобил со нивно државјанство, објавува истражувачката мрежа БИРН. Тие контактирале со кабинетот на албанскиот претседател од каде добиле потврда дека Груби нема нивни пасош.

„Артан Груби нема албанско државјанство“, изјави за БИРН, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја.

Во последниве денови се засилија шпекулациите дека Груби престојува во близина на Драч.

Груби веќе десет дена не е достапен за полицијата, а државата ја напуштил ден пред полицијата да изврши претрес во неговиот дом.

На 17 декември, Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор, а следниот ден и Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по него.

Во меѓувреме, Груби преку својот адвокат Владимир Доневски побара укинување на притворот. Кривичниот суд го одби барањето.

Истрагата за Груби за злоупотреби во Државна лотарија е отворена откако тој и судијата Енвер Беџети завршија на црната листа на САД поради вмешаност во корупција. 

Можеби ќе ве интересира

СЕЗОНСКИОТ ГРИП ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ: Загадениот воздух дополнително ја влошува ситуацијата

СЕЗОНСКИОТ ГРИП ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ: Загадениот воздух дополнително ја влошува ситуацијата

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ: Зошто нема еуфорија?

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ: Зошто нема еуфорија?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило