04 Декември, 2024
0.0497

Битка за парче земја!

Објавено во: Агробизнис 05 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Битката за парче плодна земја, од секогаш била болна точка во македонскиот аграр. Години наназад земјоделците обвинуваат дека илјадници плодни ниви се во сопственот на големите локални моќници или бизнисмени. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, тврдат дека состојбата сега е поинаква. Според нивните податоци во 2006 година имало склучени 411 договори за давање на земјиште под концесија, додека лани се склучиле 7.200 договори со кои се доделни под концесија околу 55.000 хектари земјиште. Новиот закон Новиот Предлог закон за државно земјоделско земјиште, повторно го отвори прашањето, дали ќе биде од корист на земјоделците или пак на богатите бизнисмени? Според Владата, овој закон е идеаленза земјоделците и нуди низа мерки со кои земјоделците ќе бидат заштитени, а од друга страна ќе имаат свое парче земја. Спред новите правила, земјоделците кои имаат земјиште под концесија , ќе имаат можност да си го купат или пак со нивна дозвола да го продадат на друг преку јавно наддавање. -Предмет на продажба е земјоделско земјиште кое не е под договор и земјоделско земјиште за кое концесионерот ќе даде согласност тоа да се продава. Доколку земјоделецот концесионер не се согласи да го продаде земјиштето, тоа не може да се стави на продажба што значи дека неприкосновено право има концесионерот да каже дали земјоделското земјиште ќе се продава и во кој момент. Имаме концепт кој нуди можност за раздвижување на капиталот, и со кој земјоделците ќе бидат свои на своето. Ние вметнавме дополнителни членови односно сигурност за земјоделците, поточно секој оној кој има договор за концесија без негова согласност земјата не може да се продаде, тоа е најголемата сигурност за земјоделците, изјави на вчерашната Надзорна расправа за новиот Предлог закон, заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски. Земјоделците стравуваат Но колку и да нуди законот сигурносни мерки, земјоделците поради лошата финансиска моќ, стравуваат дека нема да бидат во можност да си ја купат земјата, па на крајот повторно ќар да имаат големите бизнисмени. -Ние не сме способни за да може да размислуваме за откуп на земјоделското земјиште, едноставно не сме моќни. Како за пример,ќе кажам дека и сегашната концесија ние ја плаќаме сопарите што ги добиваме од субвенциите. Занчи наместо тие пари да ги користиме за унапредување на производството, ние со нив плаќање концесија за земјиштето, ете толку имаме пари, вели Петар Стојковски, од Регионалниот сојуз на земјоделци “Клас”. Земјоделците велат дека не се запознаети доволно со новите правила, и дека  законот е правен на брзина.За нив е спорен начинот на плаќање на купеното земјиште, како и проценката на вредноста на парцелите при продажба. -Рокот од пет години за отплата на земјоделското земјиште е мал и може да биде демотивирачки за земјоделците кои сакаат да купат државно земјиште. Знаеме колку е ниско продуктивно земјоделството,знаеме колку малку пари ни останува од обработката на нашето земјиште, и затоа бараме отплатата да трае 10 години.Бараме во законот јасно да се прецизира на кој начин ќе се врши проценката на вредноста на парцелите при продажба, оти сите не се со ист квалиттет и на исто место. Исто така сметаме дека треба точно да стои, колку земјиште смее да се продава на еден тендер, вели Ефтим Шаклев, од Асоцијацијата на земјоделци. Недефинирани одредби Земјоделците имаат забелешки и во однос на членот од законот кој дозволува по 8 години земјоделското да се прнамени во градежно земјиште. Со низа забелешки и ставови контра власта излегоа и дел од експертите. Според нив власта треба да напарви сериозни измени во законот, за тој да биде во корист на земјоделците и да има развојна компонента за целокупниот аграр. - Во законот мора да се дефинира дека 1,2,3,4 класа земја, не смее да се пренамени во градежно земјиште, оти и по 8 години ако се случи тоа, тогаш македонскиот аграр ќе се најде во криза. Таа земја треба за век и веков да си остане за земјоделска намена. Може само 0,5 отсто да се пренамене во градежно но за тоа да биде за иргадба на некој мал објект за чување на алати и механизација за земјоделското производство. Секоја пренамена ќе значи намалување на обработливите земјоделски површини, а со тоа и намалување на производството на храна и зголемување на увозот. Исто така сметам дека треба да се корегира и членот кој дозволува откако земјата ќе влезе во ЕУ после 7 години и странски државјанин да купат земјиште, сметам дека странец не смее да купи наша земја,изјави професор д-р Живко Давчев, од Факултетот за земјоделски науки и храна. Критики од опозицијата Критики до власта упатија и опозициските пратеници според кои овој закон ќе ги остави земјоделците без парче земја и егзистенција. Она што јас го знам, а верувам дека и министерот е запознат е слабата финасиска моќ на земјоделците, поради нерешениот палсман, скапите репроматеријали и неисплатените субвенции. Земјоделците велат дека доколку имаат пари тие сами ќе си купат земја не би земале тогаш под концесија. Беспарицата направи дел од земјоделците што добија трактори од мерката 50-50 да молат кај трговците да ги вратат тракторите затоа што неможат да ги плаќаат. дека на сите што јас им се јавував деновиве да ги прашам за мислење појма немаа за каков закон се работи, а сите беа едногласни дека шанса немаат за да ја купат земјата и дека ова е закон за некои големци, како што ги викаат газдите на Пелагонија, на Вардар Градско или на тој што ќе ја купи земјата на Џумајлија, изјави Ленче Николовска, претседател на собраниската Комисија за земјоделство,шумарство и водостопанство Опозцијата смета дека Владата на овој начин единствено сака да си  го наполни празниот буџет. -Законот прави лажна перцепција за земјоделците, содржи низа замки, кои најобичните земјоделци ќе ги остават без парче земја. Атрактивните парцели повторно ќе ги земаат богатите бизнисмени. Во однос на пренамената, може да се случи после 8 години сите да бараат пренамена во градежно земјиште и што ќе биде тогаш? А сега Владата ја продава по итна постапка државната земја. Но вака набрзина се носи законот оти на Владата итно и требаат пари во буџетот, па се продава нешто што е ограничен ресурс, изјави Марјанчо Николов, пратеник од СДСМ. Новиот закон кој според Владата ќе придонесе за развојот на македноското земјоделство, се носи по итна постапка, и во четврток веќе ќе се најде на седница. Опзоциските пратеници, дел од земјоделците и експертите, бараат законот да се повлече и да се носи по редовна процедура. Ј.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.