06 Октомври, 2024
0.0360

Битка за пари во број

Објавено во: Балкан, Економија 02 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во најголемите грчки банки во моментов работите одат како по азбуката: пензионери, чии фамилии почнуваат со букви од А до А, можеа во средата да се наредат на редиците пред филијалите за да добијат пари. Буквите од К до M треба да чекаат во четвртокот, а во петокот конечно следат буквите од Н до Омега.

Односно - има некаков одреден редослед. Но што од тоа, ако некои грчки пензионери не ги знаат правилата и чекаат залудно за парите? Исто како жената која оваа среда од 4 часот наутро дошла пред филијала на National Bank of Greece во атинскиот кварт Ампелокипи. Таа си зела нешто за пиење и за јадење и дури подоцна дознава од други пензионери дека дошла залудно. Последното име на жената започнува со K, па таа треба да чека во четвртокот. А за правилото со азбуката што банката го одредила по полноќ, не слушнала ништо, пишува во својата репортажа германскиот Der Spiegel.

Дејството се случува еден ден по истекот на рокот на помошната програма од европартнери за Грција и откако владата во Атина го испушти крајниот рок за отплата на траншата во износ од 1,55 милијарди евра кон ММФ.

На овој начин Грција фактички падна во стечај, но сеуште постојат т.н. итни заеми на централната банка кон грчките финансиски институции.

Оваа среда многу пензионери чекаа пред голем број на банкарски филијали, за да добијат пари. Во текот на три дена околу илјада гранки во сите краеви на земјата ќе бидат отворени - само и исклучиво за пензионери, бидејќи многу од нив немаат дебитна или кредитна картичка. Значи тие не би можеле, слично на останатите граѓани на земјата, да идат до банкомати, каде од почетокот на капиталната контрола можат да се повлечат до 60 евра на ден.

Незаборавни сцени се случуваат пред некои филијали, но истовремено тие се стави под прашање уште пошироко распространетиот на Запад лажен имиџ за наводните грчки "луксузни пензионери".

Пред банките се многу постари дами и господа, од кои некои се далеку од претставата за богатите луѓе. За многу од нив парите стигнуваат само за покривање на трошоците, многумина издржат деца или внуци, кои немаат работа. А сега држат бели картончиња со броеви кои се им делеа од господа во одела уште пред банките. "Кој беше следен", прашуваат вработените, по што некој крева рака и добива картон со број.

И во нормални времиња во почетокот на месецот пред грчките банки имало редици со пензионери. Само што тогаш тие добиваа слични картички со броеви во самите филијали, а сега - надвор, на улица. Влегуваат само тогаш, кога вработен че ја отвори вратата на банката.

Сепак, повеќето луѓе се мирни, малкумина се нервозни. Како 67-годишен пензионер со бела коса и бела брада Сакис е првото име, но не се именува презимето. Сакис пцуе, толку високо што се слуша и од другата страна на улицата. "Ова е измама", вика тој, додека ја држи во раце својата штедна книшка. Во неа е одбележан износот на неговата пензија - 651,36 евра. Само дека последното повлекување е од 29 мај. Пензијата за јуни не е преведена и во средата, очигледно неговата пензиска каса OAEE не ги превела парите сеуште. "Пратениците сепак си ги добија платите, нели", лутно зборувал Сакис, пред да си замине.

Пред друга банкарска Филијала пензионерите разговараат за непознатата иднина на земјата. Многу се надеваат Грција да остане во еврозоната, други сакаат враќање на драхмата. "Еврото е премногу скапа валута за нас", вели еден маж. А жената до него смета дека нејзината земја требало однапред да знае што значи да си член на монетарната унија. Грција не била подготвена за тоа, смета таа. "И сега плаќаме горчлива цена".

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути