20 Декември, 2025
0.0734

БИТКА ЗА ТЕАРЦЕ: ВМРО-ДПМНЕ „бега“ од прегласување, СДСМ со надеж за пратеник повеќе!

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2016 09:54

Добивај вести на Viber

Управниот суд наложи повторување на гласањето во село Теарце. Доколку во тоа место победи опозицијата, двете најголеми партии ќе имаат еденаков број на пратеници во Собранието.

На гласањето на 11 декември, ВМРО ДПМНЕ во 6 изборна единица освои 307 гласови повеќе од СДСМ.

Постизборната криза го достигна врвот во вторникот вечерта, бидејќи Управен суд ја уважи жалбата на опозицијата да се повтори гласањето во Теарце, отварајќи, барем теоретски, пат и за промена на крајните резултати.

На избирачкото Место во Теарце, владеачката ВМРО ДПМНЕ имаше само четири гласа повеќе од СДСМ.

Лидерот на партијата Никола Груевски, уште претходно најави дека неговата партија нема да учествува на повторување на гласањето.

Одлуката која е објавена на сајтот на судот, е противречна на одлуката на Државната изборна комисија да не го уважи приговорот на СДСМ.

Во образложението на одлуката се наведува дека жалбата на СДСМ е основана и дека на тоа избирачко место имало неправилности кои покажуваат на „бугарски воз“.

Според прелиминарните резултати, владеачката партија има 51 пратеник во Собранието, односно два повеќе од ривалот СДСМ. Доколку опозицијата победи во Теарце, двете партии ќе имаат по 50 пратеници.

Во Теарце пред десет дена гласаа 714 избирачи, ВМРО ДПМНЕ освои само четири гласа повеќе од СДСМ.

Сепак, она што може да ја продлабочи кирзата дополнително е тоа што партијата на Никола Груевски не ја прифаќа одлуката на Судот и според таа партија тужбата на СДСМ судот ја донел противправно воден од политички мотиви.

Никола Тодоров на синоќешна прес конференција рече дека има сценарио за кражба на изборната победа на неговата партија и потенцираше дека неговата партија останува на ставот искажан во прогласот.

Тогаш Груевски рече дека доколку Управен суд ја прифати жалбата на СДСМ и ја поништи таа на ДИК ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето, нема да ги признае резултатите и нема да му дозволи на Заев да формира влада.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки