20 Декември, 2025
0.0495

Битка за тројцата пратеници од дијаспората: Ќе биде ли Груевски конечно победен?

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2016 09:48

Добивај вести на Viber

Битката за трите пратенички мандати во дијаспората ќе се води меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и коалицијата ВМРО за Македонија. Само овие четири партии и коалиции имаат свои кандидати за пратеници за изборите на 11 декември. Досега сите три пратенички места, на изборите во 2011 и во 2014 година, ги освојуваше партијата на Никола Груевски.

На претстојните парламентарни избори за гласање во Дипломатско - конзуларните претставништва се регистрирани 230.122 гласачи. Но, голем дел од нив не поднеле пријава за гласање во законски предвидениот рок, па така само 20.573 гласачи кои живеат и работат во странство имаат право да гласаат за пратеник од седмата изборна единица.

ИЗБОРИ 2016

Од коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ кандидати се:

Рамазан Мифтароски

Зоран Стојановски

Славица Галевска – Милчиноска

ДУИ на Али Ахмети за свои фаворити ги избра:

Џевдет Спахиу

Ндерим Ибраими

Нертиља Мифтари

Изборот на СДСМ падна на:

Блажо Стојанов

Зоран Ивановски

Снежана Димитровска

Коалицијата ВМРО за Македонија настапува со:

Стојадин Наумовски

Давор Тодоровски

Митко Јаневски

ИЗБОРИ 2011

ИЕ 7 ги опфаќа македонските државјани кои живеат или се на привремен престој во државите од Европа и Африка. На парламентарните избори во 2011 година таму беа регистрирани 4.591 гласач кои имаат можност да гласаат на 28 избирачки места во ДКП или во конзуларните канцеларии на Република Македонија. Гласањето во оваа ИЕ се одвиваше во градовите Виена, Берлин, Хаг, Берн , Брисел, Бон, Букурешт, Анкара, Сараево, Минхен, Москва, Истанбул , Софија, Атина, Белград, Лондон, Загреб, Будимпешта, Љубљана, Подгорица, Копенхаген, Рим, Мадрид, Прага, Париз, Венеција, Стокхолм и Приштина. Едниот мандат од оваа ИЕ го освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а на изборите гласале вкупно 2 494 гласачи.

ИЕ 8 ги опфаќа македонските државјани  од Северна и Јужна Америка. Во 2011 беа регистрирани 1 824 гласачи, кои можеа да гласаат на 24 избирачки места. Се гласаше во Торонто, Детроит, Чикаго, Њујорк и Вашингтон. На изборите излегоа вкупно 994 гласачи, а пратеник од таму доби ВМРО-ДПМНЕ.

ИЕ 9 се протега во Австралија и државите од Азија. Во 2011 гласале 798 лица  во Канбера, Мелбурн и Пекинг. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ беше избран со само 600 гласачи.

ИЗБОРИ 2014

Регистрирани 23.782 во трите изборни единици во дијаспората, а гласале 11.441 лице. Сите три мандати ги освои ВМРО-ДПМНЕ

Северна и Јужна Америка гласале 1.845

ВМРО-ДПМНЕ освои 1.170

СДСМ 90

ДУИ 475

ДПА 5

Австралија и Азија гласале 982

ВМРО-ДПМНЕ доби 881

СДСМ 46

ДУИ 4

Европа и Африка гласале 8614

ВМРО-ДПМНЕ освои 4512

ДУИ 2822

СДСМ 521

НДП 428

ДПА 104

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки