31 Март, 2025
0.0259

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација

Објавено во: Економија 27 Март, 2025 12:13

Добивај вести на Viber

Понудата на биткоин на крипто берзите падна на само 7,53 отсто, што е најниско ниво во последните осум години, покажуваат податоците од аналитичката компанија Santiment објавени утринава. Овој пад покажува дека повеќе инвеститори ги преместуваат своите токени во приватни паричници, намалувајќи ја сумата достапна за брза продажба. Помалиот притисок од продажбата обично се толкува како биковски сигнал, бидејќи покажува зголемена доверба кај инвеститорите. Биковскиот тренд (или bullish trend) означува состојба на пазарот каде што цените на акциите, криптовалутите или другите финансиски инструменти се зголемуваат или се очекува да растат. Кога малку инвеститори продаваат, тоа значи дека повеќето веруваат во понатамошен раст на цените и ги задржуваат своите инвестиции, што создава позитивен сигнал за пазарот.

Институционалната побарувачка го поттикнува растот

Еден од клучните фактори што ја зголемува цената на Биткоинот е побарувачката од големите инвеститори. Од 14 март, Bitcoin ETF забележаа постојан прилив на капитал, што доведе до зголемување на цената на Bitcoin за повеќе од 10 отсто.

Спротивно на тоа, од 10 февруари до 13 март, кога приливите во ETF беа негативни или стагнираа, Биткоин падна за 17 отсто. Овој образец јасно покажува колку институционалните инвеститори имаат поголемо влијание на пазарот во споредба со малите трговци.

Дали се менува пазарното однесување на Биткоин?

Според истражување објавено на 25 март на платформата OKX, пазарот на Биткоин доживува трансформација. Традиционално, пад од 50 отсто означувал мечкин пазар, додека во претходните циклуси падовите достигнувале и 80 отсто.

Меѓутоа, како Биткоин созрева, наглите падови предизвикани од паника стануваат поретки. Сега пад од 30 отсто веќе се смета за сигнал за мечкин пазар, (пазар на кој цените на акциите, криптовалутите или другите финансиски инструменти се намалуваат, обично за 20 отсто или повеќе од последниот врв. Тоа е период во кој доминираат негативни трендови, а инвеститорите имаат страв од понатамошни загуби), пренесува порталот Криптонјуз.

Еден од раните показатели за промените беше односот на краткорочната пазарна вредност на сопственикот и реализираната вредност (MVRV), кој ја мери моменталната цена на Биткоинот во однос на просечната цена по која краткорочните иматели го купија.

- Веќе на 25 февруари овој показател покажуваше надолен сигнал, пред цената да падне посериозно.

- Сега е под движечкиот просек од 365 дена, што вообичаено укажува на посилен продажен притисок.


Можеби ќе ве интересира

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје