Битола бериќетна - четири девојчиња се родија за Нова година
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2017 15:40
Битола се чини дека е најбериќетниот град во Македонија бидејќи во новата година се родиле четири девојчиња. Според зборовите на дежурниот гинеколог на Клиничката болница во Битола, д-р Гоце Чакаревски во болницата, на свет дошле 3 новороденчиња. Во првиот ден од новата година се роди и едно женско девојче и во приватната болница „Плодност” во Битола, која неодамна прослави 5 години од своето постоење.
Породувањата поминале сосема нормално и без никакви компликаци.
На сите среќни мајки денеска напладне градоначалникот на Битола, Владимир Талески им подари букети свежи цвеќиња и вредносни писма од по 10.000 денари.
Инаку според првиот човек на Клиничката болница во Битола, д-р Василие Најдовски, новогодишната прослава во Битола поминала релативно мирно и без некои поголеми инциденти.
Во Службата за ургентна медицина лекарска помош побарале само 12 битолчани, претежно млади деца, од кои најголемиот број биле поради преголема алкохолизираност, а имало и со предозираност од наркотични средства.
Еден од пациентите пробал да си ги исече вените, но тој навреме побарал помош и медицински бил згрижен.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




