05 Декември, 2025
0.1368

Битола: Градоначалникот си ги почастил вработените со регрес за годишен одмор

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 12:33

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што во Законот за државни службеници немало пропишано исплата на таков вид надоместок, градоначалникот на Битола, Владимир Талески лани ги почастил своите вработени со регрес за годишен одмор во вкупен износ од 19 илјади евра. Ова, според Државниот завод за ревизија претставува незаконско трошење на буџетските пари на општината. Ревизорот констатира низа неправилности во работењето на општината лани, како на пример исплата на 84 илјади евра на спортски клубови во насока на развој на спортот, и исплатени 64 илјади евра социјална помош на граѓани, и во двата случаи без утврдена програма што ја намалувало транспарентноста на постапките. Ревизорот констатира дека градоначалникот Талески лани исплатил 51 илјади евра на здруженија на граѓани, исто така без програма и без да се објават на веб страницата на општината имињата на здруженијата кои ги добиле парите.Се спроведувале и јавни набавки без објавување оглас но и без наведување на количина на предмет. Општина Битола лани располагала со буџет од 10,5 милиони евра при што реализирани биле 8 милиони евра приходи и 7 милиони евра расходи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката