Битола и Кичево моментално најзагадени
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2016
Моментално Битола и Кичево се најзагадени во земјава.
Високо загадени се Тетово, Кавадарци и повеќе скопски општини. Куманово, Велес и Миладиновци се со средно загаден воздух. Лазарополе и Кочани се ниско загадени.
Измерените параметри покажуваат дека воздухот е најзагаден секој ден во период од 19 до 23 часот. Во тој временски период од максимално дозволените 50 микрогранули од ПМ10 честиците на метар квадратен на четири локации во Скопје се измерени од 820 до 1.000 микрогранули на метар квадратен.